[Ossm-members] Итна одлука за организација на SFD

Misa Popovic popmisa at gmail.com
Thu Sep 18 15:57:11 UTC 2008


Еве предлог за текст на летокот. Ми недостасува идеја како да се
наведат примери за слободен софтвер, како Фф и Ооо, Убунту и сл... ама
не сум сигурен дали воопшто е потребно...

предна страна:

Што е слободен софтвер?

Слободниот софтвер можеш да го <користиш слободно> за било која
намена. Тој е отворен за да можеш да го <проучиш и промениш>, а имаш
дозвола и да го <копираш>. Ако знаеш, можеш да го <подобриш и
споделиш> за да и помогнеш на заедницата.

(деловите во <> можат да се заменат и со бројки а под текстот да стои листава
0. користи слободно
1. проучи и промени
2. копирај и помогни
3. подобри и сподели
)
(до тие што ќе дизајнираат: мислам дека добро е текстот помеѓу <> да
се издвојува како фонт (или слично) од останатиот дел од текстот)

Што е Денот на слободен софтвер?

Денот на Слободен софтвер е светска прослава на слободниот софтвер.
Наша цел е да ги едуцираме луѓето за придобивките од користење
слободен софтвер дома, во образованието, институциите и бизнисот.

Наша визија

Да им овозможиме на луѓето слободно да се поврзат, создаваат и
споделуваат во дигитален свет кој е отворен, одржлив и партиципативен.


задна страна:

(само три збора)

ЗНАЕЊЕ, ЗАЕДНИЦА, СПОДЕЛИ


дополнително инфо кое треба да стои:

http://slobodensoftver.org.mk
http://spodeli.org*
http://softwarefreedomday.org

*барам помош за да пренасочам spodeli.org да посочува кон
spodeliznaenje.blogspot.com


-- 
Misa Popovik


More information about the Ossm-members mailing list