[Ossm-members] Итна одлука за организација на SFD

Biljana Kochoska biljana.kochoska at gmail.com
Thu Sep 18 21:08:42 UTC 2008


2008/9/18 Misa Popovic <popmisa at gmail.com>
>
> Еве предлог за текст на летокот. Ми недостасува идеја како да се
> наведат примери за слободен софтвер, како Фф и Ооо, Убунту и сл... ама
> не сум сигурен дали воопшто е потребно...
>
> предна страна:
>
> Што е слободен софтвер?
>
> Слободниот софтвер можеш да го <користиш слободно> за било која
> намена. Тој е отворен за да можеш да го <проучиш и промениш>, а имаш
> дозвола и да го <копираш>. Ако знаеш, можеш да го <подобриш и
> споделиш> за да и помогнеш на заедницата.
>
> (деловите во <> можат да се заменат и со бројки а под текстот да стои листава
> 0. користи слободно
> 1. проучи и промени
> 2. копирај и помогни
> 3. подобри и сподели
> )
> (до тие што ќе дизајнираат: мислам дека добро е текстот помеѓу <> да
> се издвојува како фонт (или слично) од останатиот дел од текстот)
>
> Што е Денот на слободен софтвер?
>
> Денот на Слободен софтвер е светска прослава на слободниот софтвер.
> Наша цел е да ги едуцираме луѓето за придобивките од користење
> слободен софтвер дома, во образованието, институциите и бизнисот.
>
> Наша визија
>
> Да им овозможиме на луѓето слободно да се поврзат, создаваат и
> споделуваат во дигитален свет кој е отворен, одржлив и партиципативен.
>
>
> задна страна:
>
> (само три збора)
>
> ЗНАЕЊЕ, ЗАЕДНИЦА, СПОДЕЛИ


Мислам дека треба некако да внесеме нешто за слободната култура
спомнувахјќи зошто го прават децата (кои ќе сликаат) тоа што го
прават.
Колаборативноста, градењето на подобри дела заедно, башка ќе мора и
нив да ги спомнеме на флаерот, инаку зашто би го правеле тоа што ќе го
прават.

Јас договорив неколкумина да дојдат в сабота во 2 во точка. Другите од
листава, кои кажаа дека познаваат некого исконтактираа ли?

За флаери мислам дека ќе ни требаат 1000, или најмалку 500. МИслам
дека А5 е ок големина за флаерот.

Платно убаво дебело најдов за 300 ден метро со висина метро и шеесет.

Мене најголем проблем ми е кај да најдеме пари за платното и боите,
има ли некој идеја?


--
Bi


More information about the Ossm-members mailing list