[Ossm-members] ath9k и wifi
Дамјан Георгиевски
penguinista at mail.net.mk
Tue Jan 20 16:38:17 UTC 2009
On Tuesday 20 January 2009 16:33:36 Влатко Станковиќ wrote:
> Користам Atheros Wireless Network Adapter на asus лаптоп. Имам ath9k
> драјвер што доаѓа со 2.6.27-9 јадрото. Проблемот е кога ќе внесам iwlist
> wlan0 scan враќа wlan0 No scan results.
треба два-три пати да му го напишеш тоа. поопширно: со таа команда само го
иницијализираш скенирањето, командата чека некое време и потоа ги чита
резултатите. Но денешниве картици со миљон технологии (abgn) додека искенираат
сите фреквенции им треба многу повеќе време.
така да, "iwlist wlan0 scan" повеќе пати.
> Инсталирав wicd manager, ги наоѓа мрежите ама за некои неможе да се врзе
> што користат wep енкрипција.
значи сепак ги гледа. :)
на сите што користат wep не може да се конектира? BTW мислиш на wep или wap?
> Се мислам дали да ставам madwifi и целосно да го избришам ath9k или само
> да го ставам во blacklist. Некој ако се сретнал со ваков сличен проблем
> би сакал да каже дали е подобро да користам madwifi или да се држам до
> ath9k.
madwifi ќе го напуштаат и веќе не се ни развива, но до пред да излезат ath
драјверите беше најдобар за atheros. Јас би ти препорачал да се држиш до ath9k
пошто е во кернел па сѐ е многу поедноставно.
Единствено би пробал 2.6.28 - ако навистина имаш проблем со wifi драјверот ..
ама некако не сум убеден. се ми се чини дека проблемот е во алатките.
--
дамјан ( http://softver.org.mk/damjan/ )
... knowledge is exactly like power - something
to be distributed as widely as humanly possible,
for the betterment of all. -- jd
More information about the Ossm-members
mailing list