[2s.mk-friends] Поимник

Biljana Kochoska biljana.kochoska at gmail.com
Sun Nov 15 19:50:39 UTC 2009


2009/11/13 Дамјан Георгиевски <penguinista at mail.net.mk>:

> јас ги видов, никако не сфаќам зашто се потребни кога веќе ги имаме DejaVu
> фонтовите со сѐ што треба во нив и плус дистрибуирани нашироко на сите Linux-и
> освен што се македонски * 3 што се друго толку супер?
> има врска дека се промовира не-системско решение туку пак
> „инсталирај го овој фонт за да xxx“

1. Можеби не се толку потребни, но секако се корисни. Како што се сите
останати фонтови корисни, така и овие. Како илустрација еве неколку
примери:
Зошто се потребни сите Linux дистрибуции кога ете има Ubuntu.
Зошто се потребни сите Window manager-и кога ете има Gnome.
Зошто се потребни сите програмски јазици кога ете има C.
И сам продолжи да редиш примери.

2. Убави се, читливи, со дефинирани кернинзи. Ги има во доста
компатибилни сериф и санс сериф тајпфејси.

3. А што има толку системско во DejaVu? Ако го имаш на повеќето
Линукси, не значи дека е системски (го немаш на повеќето Виндоуси). И
никој не бара од тебе да го инсталираш тој ХХХ фонт, ако тој што
пишувал направил документ со вклучен Skola фонт, ќе го видиш како што
тој го правел, ако не никому ништо.

4. И уште нешто за потребноста. Дизајнерите на работа кај мене баш се
израдуваа дека имаат зголемен избор на кирилични фонтови што можат да
ги користат во дизајните. Не се користат фонтови само за пишување мејл
и за веб сајтови, ако е така доволни ни се само Ariel, Times New Roman
и Curier.

И на крај стварно не ми е јасно, кој е проблемот и зошто треба да се
критикува нешто што е направено, и тоа воопшто не е ни штетно ни
непотребно, туку само може да има корист за некого, Дали би биле
позадоволни воопшто да не се направеше?

А што се однесува на третиот коментар на Новица, мислам дека тоа е
нешто сосем неповрзано со темата. Нит знам кој го правел ни зошто ни
како ни што зборувале, Важно е дека имаме некаков производ кој е даден
бесплатно да се дистрибуира и кој е професионално изработен, (особено
е ова важно зашто досега немало такво нешто направено во Македонија, а
не поради патриотски причини)

Поздрав

-- 
Bi


More information about the Ossm-members mailing list