[2s.mk-friends] Повик за заштита на приватноста на граѓаните во Република Македонија
Arangel Angov
ufo at linux.net.mk
Mon Jun 14 06:50:24 UTC 2010
2010/6/13 Дамјан Георгиевски <penguinista at mail.net.mk>:
> Нити пак на текстот објавен[1] пишува зошто баш 2смк решил да се потпише под
> повикот како таков.
Текстот може да се дополни. Раководството реши да се објави текст
бидејќи имаше рок за изјавување поддршка во писмата што ќе се испратат
до институциите.
> Посебно што прашањата за приватност или уставност не спаѓаат во зоната на
> компетентност на 2смк. Дали утре ќе 2с.мк ќе има став и за војната во ирак,
> абортус или за геј-брак?
Па јас мислам не. Точно е дека не спаѓаат во зоната на компетентност
на 2с.мк, ама не гледам никаква штета од поддржувањето на ваков повик,
има повеќе разни организации што го поддржуваат чија што примарна
активност не е заштита на човекови права или приватност. 2с.мк се
залага за употреба и распростанување на слободен софтвер кој што ти
помага да си ја зачуваш твојата приватност и да се осигураш дека никој
нема да те прислушква и бар мене ми е природно да би поддржала ваква
иницијатива. За да не биде само на зборови (како повеќето што праат)
планираме и конкретен придонес со практичен прирачник кој што би
објаснил како да си ја зачуваш приватноста со употреба на слободен
софтвер, тоа е нешто што е во наша област и воедно би им помогнал на
граѓаните. Ова е само мое мислење.
> Конечно,
> 2смк својот легитимитет треба да го вади од заедницата која ја застапува
> (барем јас така сум го сфаќал тоа), а никој од таа заедница нити е прашан,
> нити имало некоја дискусија што мисли по тоа прашање.
Тука веќе треба организациски да се редифинираат некои работи. Се
слагам со тоа, ама досега не беше така, беа консултирани само
членовите.
--
Арангел
xmpp/mail:
ufo ет linux.net.mk
More information about the Ossm-members
mailing list