[2s.mk-friends] Повик за заштита на приватноста на граѓаните во Република Македонија
Дамјан Георгиевски
penguinista at mail.net.mk
Sun Jun 13 19:51:33 UTC 2010
Како гледам [1], 2с.мк се приклучил кон „повикот за заштита на приватноста“ од
Метаморфозис.
Иако со самата иницијатива јас лично се согласувам (и всушност бев првиот кој
пишуваше за тоа уште лани[2]), не знам каква врска со тоа прашање има
„Слободен софтвер Македонија“ како организација.
Нити пак на текстот објавен[1] пишува зошто баш 2смк решил да се потпише под
повикот како таков.
Посебно што прашањата за приватност или уставност не спаѓаат во зоната на
компетентност на 2смк. Дали утре ќе 2с.мк ќе има став и за војната во ирак,
абортус или за геј-брак?
Тоа прилично би го девалвирал онсновниот повик поради кој постои 2с.мк
Конечно,
2смк својот легитимитет треба да го вади од заедницата која ја застапува
(барем јас така сум го сфаќал тоа), а никој од таа заедница нити е прашан,
нити имало некоја дискусија што мисли по тоа прашање.
[1] http://www.slobodensoftver.org.mk/vesti/povik_za_zastita_na_privatnosta
[2] http://damjan.softver.org.mk/blog/01240533037
--
дамјан ((( http://damjan.softver.org.mk/ )))
Q: What's tiny and yellow and very, very, dangerous?
A: A canary with the super-user password.
More information about the Ossm-members
mailing list