[2s.mk-friends] КИКА простор
Arangel Angov
ufo at linux.net.mk
Mon Mar 7 13:53:25 UTC 2011
За тие што не се во тек: Имавме проблеми со струјата во просторијата
што ја користиме досега и затоа КИКА моментално е on hold.
Денес бевме со Стама во Геоинститут и нивниот предлог е следниов:
Да ни пуштат продолжен кабел од доле од кај нив од просторијата што е
веднаш под КИКА. Значи би требало да се избуши дупка со хилта (можам
да најдам јас а има и Бидиков) и да се земе кабелот од доле. Струјата
е индустриска не знаеме точно колку би требало да плаќаме по киловат,
ако знае некој нека пише. Нивниот предлог е да го запишуваат саатот
доле кај нив кога доаѓаат на сабајле и кога си одат попладне и секој
месец да им плаќаме колку имаме истрошено. Пошто само ние ќе трошиме
струја попладне, навечер и во викенди ќе знаеме колку имаме истрошено.
Е сеа, зборевме со Стама околу оваа опција и мое лично мислење е дека
како привремено решение ова може да се изведе. Зборев и со Бидиков кој
што потврди дека можеме преку еден продолжен кабел да напраиме да
имаме светло и струја за компјутерите без проблеми (*без да загине
некој од струен удар*).
Ако се сложиме дека сакаме да останеме таму и да одиме со оваа опција,
покрај киријата ќе треба да плаќаме и струја.
Ја мислам дека ако се сложиме да останеме дека тоа треба да биде
привремено а паралелно да бркаме за нова просторија, дали сами дали со
некои други организации, дали да се обратиме до некоја институција,
сеедно. Ги прашавме дали знаат кој е статусот на Геоинституот и дали
може да се деси утре да ја рушат зградата и ни одговирија дека немало
шанси да се деси тоа у наредните две години и да не сме се секирале за
тоа.
Како и да е јас предлагам да го напраиме овој грд хак за привремено,
за да не трпат настаните што ги организираме во КИКА секоја недела и
паралелно со тоа поинтезивно да работиме на наоѓање на нова
просторија.
Тоа е тоа, прашања, идеи, коментари.. fire away.
--
Арангел
xmpp/mail:
ufo ет linux.net.mk
More information about the Ossm-members
mailing list