[2s.mk-friends] простории во геодетски институт

Vladan Popovic vladanovic at gmail.com
Mon Mar 21 23:27:58 UTC 2011


Здраво на сите,

денес разговаравме со Марко од Арт Институт и ни кажа дека успеале да
добијат покровителство од неколку министерства за просториите што ги
користат. Ѝм кажале дека ќиријата не треба да ја плаќаат на никого,
затоа што никој не е надлежен за тоа. Арт институт го доби цело
источно крило од објектот, каде што влага и нашата просторија. Ако
некој на некого му побара пари, или некој спомне ќирија, тогаш тие
луѓе треба да бидат упатени во министерство за економија, зошто така
им е кажано на Арт Институт од министерство за култура.

НЕ СМЕЕМЕ да менуваме ништо во сегашната поставеност, односно да ги
рушиме регалите или да рушиме ѕидови или било што.

Исто така постои надеж да се плати 10% од сумата за сметките за
струја, а останатиот дел да се добие како спонзорство или донација од
ЕВН или некој незнам, ама за тоа да се истурка до крај би требало да
се собереме и да направиме здружение, или кластер како што се викало
стручно, од сите организации што ќе ги делат просториите. Добро би
било да ги собереме најголемите работи од сѐ што се правело до сега и
сѐ што ќе се прави од страна на 2СМК и во еден email тоа да му се
испрати на Марко, зошто ќе носат испринтани материјали во сите
институции и министерства каде што ќе се апелира.
Тоа е планирано да се прави утре или најкасно задутре, затоа секој што
би можел да ги сумира во кратки црти најголемите подвизи на 2СМК нека
се фати за работа што побрзо. Мислам дека најдолгото нешто не би
требало да биде подолго од овој мејл.

email адресата што ми ја дадоа од Арт Институт е : bureksopica at yahoo.com



тоа е тоа за сега, со нови информации во четврток


More information about the Ossm-members mailing list