[2s.mk-friends] Јавно извинување

Newk newkdukem at gmail.com
Tue Aug 14 00:06:58 UTC 2012


Не знам дали да го почнам мејлов со „Здраво“ или дали воопшто да го
започнувам во некоја форма...
Па, да не должам многу.

За тие кои се помалку информирани: Во саботата, 4ти Август во
просториите на хаклабот се однесував непристојно; особено кон луѓе кои
воопшто не беа должни да го трпат или толерираат тоа. Нешо на кое
воопшто не се гордеам.
Затоа, го давам ова јавно извинување кон тие кои беа присутни и/или
кои се на било кој начин засегнати од нештата што се случуваа таму.
Свесен сум за последиците од нештата кои ги направив и свесен сум за
тежината која ги носат.

Не ми останува ништо друго освен да се извинам и да го правам тоа што
сега го правам т.е. да имам поголема почит кон луѓето со кој делиме
ист простор.
И затоа ќе дадам дополнителен напор за да се однесувам никако поинаку
освен примерно. Затоа што сепак, делиме простор под наш избор и никој
не е должен да толерира малтретирање или да биде сведок на истото.
Барем не во просториите на халкаб.

Никола Демерџиев


More information about the Ossm-members mailing list