[2s.mk-friends] Куќен ред КИКА

Goran Peoski goranpeo at gmail.com
Wed Aug 22 18:32:13 UTC 2012


Мое гледање на дискусијава до сега во кратки не толку точни црти:

не по магарето, туку по самарот - не по проблемот, туку по алкохолот (и
сродни работи).

Ако проблемот е: „проблематично однесување“, а понуденото решение е:
„забрана“, тогаш забранете го проблематичното однесување и оставете го
алкохолот на страна.

Преседан:
На почетокот на 90тите на Фиа им се виде непожелно користењето турбо мотори
во Формула 1 поради брзината на колите, па донесоа ограничување на горивото
за цела трка со надеж дека нема да возат брзо. Но, и покрај тоа и покрај
подоцнежната забрана на турбо мотори и забраните на слик гуми тимовите
сеуште наоѓаа начини да ги забрзаат формулите.

Аналогија:

Ако мислите дека проблематичното однесување на поединци и групи ќе го
ограничите со забраната на алкохол (подоцна најверојатно и на други
работи), очекувам пак луѓето да си изнајдат начин да го пројават тоа
проблематично однесување.

Некој вид на заклучок:

Затоа, наместо забрана за алкохол и сл. иако можеби е добра идеја за
решенавање други проблеми, овој нема да го реши трајно.

Предлог:

Иако луѓето (треба да) имаат привилегии со нивното посетување на хаклабот,
потребно е да си ги исполнуваат (најчесто скромните) обврски. Ако не ги
исполнуваат, тогаш yebiga, соодветна „социјална казна“ од типови на
недружење со таа личност кога се излегува на пиво, помош при работа и сл.
губења на „привилегиите од хаклаб“.

Во суштина, оваа мерка човекот несвесно секогаш го применувал и тоа повеќе
како заштита на себе си од идни непријатности од страна на
личноста/личностите, а не како нивна казна.

Поздрав.

П.С.

Ако не ме разберите, не е проблем, за некои работи можеби и преопшто пишав
бидејќи гледав само да дадам насока за некое алтернативно решение.

П.П.С.

Доцнам со обврската плаќање за хаклаб, but bare with me, ќе гледам да
подмирам наскоро.
-------------- next part --------------
An HTML attachment was scrubbed...
URL: <http://lists.softver.org.mk/pipermail/ossm-members/attachments/20120822/1c139ed7/attachment.html>


More information about the Ossm-members mailing list