[2s.mk-friends] Отуѓување

Blagoj Petrushev b.petrushev at gmail.com
Sat Feb 25 19:45:50 UTC 2012


Здраво на сите,

Крајно сум разочаран од некои статуси што прелетаа на твитер денес.
Едно е да го тролаш макракомет, друго е да ги тролаш робомак и енгејџ,
каде што има луѓе со кои заедницата и/или 2смк соработува на полабав
или посериозен начин. Колку што знам еден член на 2смк беше на
робомак, двајца на енгејџ.

Зашто, освен моменталната сатисфакција и некое чувство на надмоќ, има
и башка последици на отуѓување на (барем) некои луѓе од овие
организации. Оти ова денес не беше само поединечно тролање од некои
луѓе, туку беше фазон на нснд повеќе од робомак/енгејџ, демек, нашата
организација праи практични и корисни ствари, а другите блебетат и
слично.

Или што знам, може само ја така го исперцепирав.
Само да не биде - се фалам се фалам, па некој кога ќе ме искритикува
на фесбук `остај го тој копиљ е`.

Поздрав со најдобри намери,
Баже


More information about the Ossm-members mailing list