[2s.mk-friends] Android часови

Blagoj Petrushev b.petrushev at gmail.com
Wed Jan 18 15:25:17 UTC 2012


Здраво,

> Јас сум сепак да постои стриминг ако може затоа што:
> 1.Термините се кога сите се дома и се добри.

и така сите ќе можат да си седат дома и да си уживаат без синергијата на
хакерската заедница, секој сам по сам.

> 2.Како напредуваат часовите сите ќе си следат во исто време и можат да
> дојдат во хаклаб да си прашаат ако нешто поише ги интересира до следен
> час. Може да напраиме за пријавување мини кампања ќе видиме како има
> интерес.

ако некој се обврзе да доаѓа и му значи тоа, ќе доаѓа, ќе си направи неделен
приоритет да не става други обврски над овие средби.

> 3.Ок е ние да снимаме видеа и на пример да ги качиме сите после серија
> да стојат да представуваат мини курс.

видео курсеви за се` па и за андроид на интернет има милион.
финтата е луѓе да дојдат таму и заедно да се совладува проблемот.

> - Ако се одлучиме да ги снимаме треба да се спремиме да сме помирни и
> да нема тролање толку додека се дешава тоа за да не личиме несериозни.

ако се одлучите да снимате прво треба таму да се ДОЈДЕ.
....

Е сега,

прво сакам да го поздравам гемиџи за иницијативата, и воедно да објавам овде
дека планирам во четврточниот термин да станам поактивен, и во порастеретените
четвртоци да правам кратки не-многу-сериозни презентации за модули од
стандардната библиотека на python, некои third-party библиотеки, како и
презентации во врска со мојата најнова швалерка machine learning.

Главна цел на овие презентации би била привлекување на нови посетители на
хаклабот, а и уредовнување на оние кои се поретки.

Плаќање на курсеви ми е генерално против политиката на хаклабот кика.
Јас не сум член на слободен софтвер, не сум во некакво организационо тело
ниту сум во листата на дежурства, ниту пак може да се каже дека сум нешто
особено редовен. Но - плаќање на курсеви кои се одржуваат во хаклабот ми
вришти против природата на `отворен простор` / `хакерспејс`. На сите кои (ќе)
доаѓаат таму им е јасно што би требало да значи тоа.

Од друга страна, сите ги знаат и методите за донирање кон хаклабот. Исто така,
кога ќе се етаблира еден курс за андроид, после месец два ќе има зошто да се
пристапи на приватниот сектор кој развива такви апликации и отворено да се
бараат донации: 'Ние вам кадри - вие нам средства.'

Уште еден поздрав до иницијативата на гемиџи - и ќе гледам да ти бидам
поредовен во средите.

Баже


More information about the Ossm-members mailing list