[2s.mk-friends] S&T го изгубиле проектот за здравствени картички
Mite Mitreski
mitemitreski at gmail.com
Fri Mar 23 21:37:48 UTC 2012
Здраво,
кога веќе Чомбе спомна заштита на приватни податоци, малку да се
вмешам и јас. Сите податоци што еден лекар ги доставува до фонд за
здравство се во обичен XML и како таков податок се
импортираат/експортираат сите измени. XML-от e human readable,
нормално :).
А како новина во сегашните верзии не мора тоа да се носи на дискета
може и на CD или USB.
Проблемот со предходниот тендер за картички според мене е само фактот
што те обрзува да користиш Windows. За жал истото е и со голем број на
други решенија кои се користат во државните институции, што оди против
тоа дека податоците и сервисите би требало подеднакво да се достапни
за сите граѓани...
@Новица wiki.spodeli.org/VendorLockInMakedonija е супер работа но
според мене би требало да се вика "Wall of Shame".
Поздрав
Мите Митрески
More information about the Ossm-members
mailing list