[2s.mk-friends] Отворени владини податоци

Dimce Grozdanoski dimce.grozdanoski at gmail.com
Tue Nov 27 10:09:32 UTC 2012


Имаме покана од МИОА, од раководителот на проектот „Отворени владини 
податоци“ за состанок на кој би можеле да ги изнесеме евентуалните 
барања на нашите заедници за тоа кои податоци би сакале да се отворат и 
евентуално како ние би можеле да ги реупотребуваме. Доколку сметате дека 
има и друго НВО заинтересирано, поканата важи и за нив и слободно 
пренесете ја. Времето и местото на состанокот дополнително би се 
утврдило. Поздрав. Димче.

On 16.10.2012 10:29, Dimce Grozdanoski wrote:
> Cross-posting to all lists
>
> Здраво на сите,
>
> Би сакал да започнам дискусија во врска со т.н. Отворено владино 
> партнерство, посебно после скоро одржаната конференција на тема 
> „Користа на отворените податоци“ што се одржа во Скопје, во 
> организација на Министерството за информатичко општество и 
> администрација и Канцеларијата на Светската Банка во Република 
> Македонија. [1]
>
> Посебно ме интересира дали нашите заедници сметаат дека можат на било 
> каков начин да се вклучат во ова партнерство, кои податоци би сакале 
> да ги видат, дали е можно истите да се искористат и дали некој можеби 
> има конкретни планови за нивна понатамошна ре/употреба.
>
> ----
> [1] http://mio.gov.mk/?q=node/3221
>
> Поздрав,
> Димче Грозданоски
> Викимедија Македонија
>
>



More information about the Ossm-members mailing list