[2s.mk-friends] why u no clean?

Newk newkdukem at gmail.com
Fri Oct 26 10:34:42 UTC 2012


>Разбрав дека ова е резултат на праење журка во кујна од страна на
>истиот човек што го предизвика минатиот инцидент.

>Еве и јавно, Никола Демерџиев, веќе не си добредојден во хаклабот, што
>се однесува до мене.

По ред:

Да, јас го предизвикав, што ти го ословуваш како „минатиот инцидент“.
За него се извинив, лично и јавно. Подоцна, на следниот состанок дадов
ветување дека тое ќе биде последниот пат што ќе се случи и бидна така.
Злоупотребувајќи ја мојата добра воља, моето јавно извинување кои
содржи висок ризик да добијам етикета на неодговорен човек, мене лично
ме разочарува. Да, Арангеле, тебе ти се обраќам. Ме разочара. Затоа
што те сметав за коректен човек кој може да си го надмине егото и да
признае кога ќе згреши. И затоа што нема да добијам извинувачко писмо
кое ќе го mi исчисти грешно оцрнетиот образ, ќе морам сам да го сторам
тоа.

Да, точно е, бев присутен дента кога е направен тој смет. Не, не е
точно дека јас сум го предизвикал истиот. Ниту сум помогнал во било
какво недолично однесување на некој друг. Можам да го продолжам моето
објаснување, но во прилог на времето на останатите кои го читаат ова,
нема.

П.С.
Ти се извинувам Арангеле за заканите за тужиби за клевета. Беше во
афект, нема да се повтори.

П.П.С.
А што се однесува до мене, ти секогаш си добредојден во хаклабот.
Затоа што верувам во твоите добри намери и верувам дека ќе си ги
израфинираш методите и потврдиш фактите пред да обвиниш или
анатемизираш некој друг во иднина :)


More information about the Ossm-members mailing list