[2s.mk-friends] Што е „Бори се женски“
Ana Risteska
a.risteska at gmail.com
Tue Feb 19 10:22:08 UTC 2013
Здраво,
како што веќе напиша Алекс, „Бори се женски“ е иницијатива што се бави со
поттикнување на дебата, но освен тоа се бави и со активности кои се
залагаат
за промовирање на родовата рамноправност.
Бидејќи многу програми за пракса како GWOP и Еtsy ги имаат во фокус жените
и нивната поголема застапеност и вклучување во развојот на слоб. софтвер,
може да се повлече паралела со промовирањето на родовата рамноправност и
инклузивост.
Од таа причина сметавме дека е добро да се направи презентација за тие
програми во рамки на Слободен Софтвер и Хаклаб, како место каде активно се
споделува знаење и каде што и мажите и жените меѓусебно соработуваат.
За направениот пропуст со ненајавувањето на презентацијата официјално на
оваа листа, јас искрено се извинувам во името на "Бори се женски".
Во "Бори се женски" сме јас, Тамара, Ива и уште неколку девојки, но тоа
секако не претставува ограничување за некој друг да се вклучи во
презентацијата и да сподели искуство. Напротив, би било одлично и
добредојдено ако има такви кои би сакале да споделат мислење :)
Блог постот за настанот е следниов:
https://b10g.spodeli.org/2013/02/blog-post_9698.html?utm_source=feedburner&utm_medium=feed&utm_campaign=Feed%3A+spodeliznaenje+%28Spodeli+Znaenje%29
Поздрав,
Ана
2013/2/19 Aleks <aleks at slobodensoftver.org.mk>
> Што е тоа „Бори се женски“ ? Сега гледам дека во соработка со нив ќе биде
> презентацијата за GWOP и GSOC, а колку што видов од Facebook страната,
> иницјативата е за :
>
> „Бори се женски“ е иницијатива посветена на промовирање на родовата
> рамноправност преку поттикнување дебата во јавната сфера.
>
> Што значи ова ? Како е ова поврзано со GSOC/GWOP и кои се луѓето околу
> Бори се женски.
>
> Истотака зошто нема ништо најавено за тоа на оваа мејлинг листа ?
>
>
> --
> Aleksandar (Aleks) Lazarov
> - Student at the Faculty of Electronic Engineering and Information
> Technologies, section for Electronics, Radio Engineering and Signal
> Processing
> - Member of the Free Software Macedonia Organization
> - Ham Radio operator (Z32AL)
> - GNU/Linux user.
> ______________________________**_________________
> Ossm-members mailing list
> Ossm-members at lists.softver.**org.mk <Ossm-members at lists.softver.org.mk>
> https://lists.softver.org.mk/**listinfo/ossm-members<https://lists.softver.org.mk/listinfo/ossm-members>
>
-------------- next part --------------
An HTML attachment was scrubbed...
URL: <http://lists.softver.org.mk/pipermail/ossm-members/attachments/20130219/bca4c1f5/attachment.html>
More information about the Ossm-members
mailing list