[2s.mk-friends] Upgrade на sloboden softver на Wheezy
Damjan Georgievski
penguinista at mail.net.mk
Tue Jun 18 01:08:34 UTC 2013
Серверот на кој моментално е
сајтот https://slobodensoftver.org.mk/
листиве https://lists.softver.org.mk/
wiki-то https://wiki.spodeli.org
баговите https://bugs.spodeli.org/
и уште неколку инфраструктурни апликации (couchdb, erlbot), моментално е
на Debian 6.0 (squeeze). Веројатно сега е правото време да го надградиме
на wheezy (Debian 7.0).
Според проверките од следново упатство, се е во ред. Само се чека на
промена на sources.list
http://www.howtoforge.com/how-to-upgrade-debian-squeeze-to-wheezy
Дополнително на тој сервер користиме repo од овде за libphp5-embed
http://www.dotdeb.org/instructions/ и нешто (nagios?) од
http://www.opsview.com кој никој не го користи.
Интересно е дека wheezy веќе доаѓа по default со libphp5-embed пакет,
кој е корисен за uwsgi-php на пр.
Не очекувам посебни драми во врска со upgrade-от, но ако мислите дека ќе
биде интересно, може деновиве да се прави во хаклаб со проектор и навивање.
ps.
Инаку во Debian ваква надградба е официјално подржана и преку ssh :)
http://www.debian.org/releases/stable/i386/release-notes/ch-upgrading.en.html
--
дамјан
More information about the Ossm-members
mailing list