[2s.mk-friends] Активизам за слободен софтвер, каде е?

Димитриј Мијоски dmjpp at hotmail.com
Tue Aug 16 11:39:26 UTC 2016


Ќе поставам три тврдења,

1. Активизмот за слободен софтвер во Македонија последните 5 години опаѓа. Почитта кон него е изгубена.
2. Квалитетот на софтверската индустрија во еден регион е толку добар колку што е кванитетот на изработен слободен софтвер во тој регион.
3. За економијата на една држава, производството на:
    - слободен софтвер е најдобро;
    - на затворен софтвер кој останува во сопственост на креаторите е полошо;
    - а целосно давање на правата т.е. аутсорсинг е најлоша опција.
   За жал третава опција кај нас е многу популарна.

За првото, доволно е да се видат активностите надвор од работилницата (хаклабот) КИКА. Ќе пуштам две врски:
https://www.google.com/search?q=слободен+софтвер+OR+хаклаб+OR+mozilla+site:finki.ukim.mk
https://www.google.com/search?q=слободен+софтвер+OR+хаклаб+site:it.mk
https://www.google.com/search?q=слободен+софтвер+site:*.mk
Ако ги видиме датумите ќе видиме како тежнеат кон 2012, 2011 година и порано.

Второто е веќе емпириска претпоставка.

Третото тврдење... тоа е опасна економија. Хехе.

Поентата ми е дека освен користење треба да се стимулира и развој на слободен софтвер.

Сега, не знам тековните членови на оваа организација колку се заинтересирани за тоа. Тоа го правевте во минатото добро, можеби сега веќе ви е смачено. Моментално, фокусот на тековните членови е хаклабот, но тоа е прилично различна работа. Слободен софтвер е идеологија, хаклабот е физички простор односно работилница. Идеологија се шири на многу луѓе, работилница е за ограничен број луѓе, на пример, збира 10 луѓе во еден момент.

Значи, ако на старите членови им е смачено од активизмот, треба да се најдат нови активисти. Но, за да се најдат нови, треба старите да убедат нови луѓе за тие да поверуваат во слободен софтвер. И тука се наоѓаме во еден незгоден циклус.

Јас лично, сега за сега, имам желба да го ширам слободарството, можам да наоѓам некоја публика. Сепак, потребни се здружени напори.

Поздрав,
Димитриј.


More information about the Ossm-members mailing list