[2s.mk-friends] Активизам за СС во образование, администрација и политика

Димитриј Мијоски dmjpp at hotmail.com
Wed Feb 15 01:22:14 UTC 2017


From: Misha Popovikj <popmisa at gmail.com>
Sent: Tuesday, February 14, 2017 11:39
> На пример, директно, точка 5 од Нпсс, е веќе озаконета во Законот за јавни набавки.
> ...
> Единственото што веројатно не е покриено  со закон е точка 3 односно, барем мене не ми е познато, дека тие што добиваат државно финансирање се обврзани сработеното да биде со отворена лиценца.

Е сега треба да кажеме јасно дека точка 5 и точка 3 немаат иста тежина. Очигледно точка 3 е со многу поголема тежина и е поважна во големата слика. Нели пари, ова, она.



> Промоцијата на слободен софтвер не знам колку може да биде озаконета, туку може да биде стимулирана преку општи политики (на ниво на Влада) и специфични политики (образование, јавни набавки и сл).

Закон е потребен. Слободниот софтвер како што е дефиниран со неговите 4 слободи (види дефиниција од Ричард Сталман) не е во сегашните закони. Слободниот софтвер всушност има смисла само кога сите тие 4 слободи се заедно (во еден закон). Дополнително, слободен софтвер е релативно нова работа не многу позната за досегашните политичари и правници.

Ќе го спомнам и неодамнешиот закон во Бугарија, веројатно си информиран за тоа.



> Ако веќе некој сака да се занимава со ова тогаш веројатно потребно е да се направи некоја физибилити студија, не мора да е тоа големо - може да е на ниво на едно министерство, за total cost of ownership, плус колку чини транзицијата и кои се користите од тоа  државните институции да употребуваат слободен софтвер.

Не треба некој да се занимава туку сите како заеднаца. Тоа едно, друго, не мора со формалности кои веќе се направени. За бенефитите на СС е кажувано многу пати на разни места, на gnu.org има милион текстови, практичните искуства со СС се јасни. И токму со тие реторики треба да се излези пред јавноста.

А дали е возможна смена кон СС? Во земја со големина на Македонија без никакви проблеми. Кај нас нема некој си софтвер за нуклеарки па да е проблем да се направи транзиција.


More information about the Ossm-members mailing list