[2s.mk-friends] Активизам за СС во образование, администрација и политика

Димитриј Мијоски dmjpp at hotmail.com
Fri Jan 20 03:10:10 UTC 2017


Сметам дека е згодно време повторна да се активира нешто налик НПСС
http://npss.slobodensoftver.org.mk/ и да се изврши нов притисок до
законодавците. Менување на власта е сѐ поизвесно, така што поверојатно
е дека ваков притисок би имал ефект.

1. Да се предложи во образованието, основно, средно и високо да се користи
   и да се изучува претежно слободен софтвер.
2. Да се предложи во администрацијата новиот софтвер кој ќе се инсталира или
   изработува да биде СС.
3. Да се побара отворање на фондови за финансирање на СС кој е има општествена
   корист.
4. ... СС во здравство? останати сфери? ...

Како причини за ваквите предлози да се дадат:
1. Економските - на пример, намалени трошоци на одржување
2. Општествените
    2.1. Зголемена безбедност односно приватност на податоците.
         Веројатно има статистики кои покажуваат дека СС е побезбеден.
    2.2. Зголемена транспарентност, сите знаеме како работи системот односно
         знаеме дали фаворизира или не одредена странка.
3. ...

Предлозите и плановите се бесконечни, важно е да се одлучиме и да почнеме со
ваква иницијатива.

Поздрав,
Димитриј. 😊


More information about the Ossm-members mailing list