[2s.mk-friends] Fwd: [ИДЕЈА] Релоцирање на хаклабот
tinnotl
ichtinnotl at gmail.com
Mon Oct 16 16:50:12 UTC 2017
Дечки, здраво уште еднаш,
Мејлов го пратив пред некој месец, најверојатно заврши во спам поради
некоја причина. Проблемот уште не е решен. Еве форвард од мејлот:
---------- Forwarded message ----------
From: Hristijan Lubeski <ichtinnotl at gmail.com>
Date: 2017-07-26 17:36 GMT+02:00
Subject: [ИДЕЈА] Релоцирање на хаклабот
To: ossm-members at lists.softver.org.mk
Дечки, здраво
Како што некои од вас веќе знаат, хаклабот не се справи најдобро со
претходнава зима. Ниту пак ние.
Испукаа цефки, тоалетната школка исто. Ѕидот од лева страна на
тоалетот испука, дури се забележува и мов. Четири од пет соби не ги
греевме (немаше ни со што), па температурата паѓаше ептен ниско.
Чашите кои беа оставени во лабавото замрзнаа со водата во нив (нека
биде ова мал потсетник за тој што ќе земе чаша нареден пат да ја измие
и врати на место). Само random се грееше, со тие два електронски
„панели“ не успевавме целата соба да ја загрееме па во поголемиот дел
од времето се седеше со јакни.
Муабетот е следен, хаклабот не може да се користи во зима. А се плаќа.
Тие 3 месеци се плаќаат за џабе. 15.878,00 денари помножено со три
месеци не се малце пари. Мене ми е јасно, а верувам и на сите други
дека тешко е да најдеме подобро место за овие пари и плус да е во
центар на Скопје. Ама хакирањето во зима е тешко, речиси невозможно.
Студи.
Ве молам да се отвори дискусија на оваа тема затоа што проблемот е
сериозен. На следниов линк може да се ставаат предлог места за
релоцирање:
http://piratepad.net/n17j834QsA
Хаклабот ќе остане на истата локација додека не се најде подобро место
или решение за проблемот. Секој предлог, идеја и мислење се
добредојдени.
Хакерски поздрав,
tinnotl
P.S. Може да се собереме во КИКА па да ги разгледаме опциите сите
заедно во хаклаб.
--
find me on the Internet at
@tinnotl or https://tinnotl.github.io/
--
find me on tw: @tinnotl
https://tinnotl.github.io/
More information about the Ossm-members
mailing list