[2s.mk-friends] Fwd: [ИДЕЈА] Релоцирање на хаклабот
Goce Mitevski
goce.mitevski at gmail.com
Mon Oct 16 17:03:05 UTC 2017
Здраво,
Има отворен конкурс на Министерство за култура до 15. ноември 2017, на
којшто можеме да се пријавиме и многу веројатно, да добиеме некаков
буџет, за слободна култура и споделувње на знаење.
http://kultura.gov.mk/index.php/konkursi/3066-------------2018-----
Ја споделив страницава и на IRC пред некое време, ама претпоставувам
не сте ја виделе или сте ја изигнорирале.
Поздрав,
Гоце
--
Goce Mitevski
Independent Graphic and Web Designer
■ http://www.nicer2.com/
■ http://www.linkedin.com/in/gocemitevski
I'm on Twitter: @GoceMitevski
2017-10-16 18:50 GMT+02:00 tinnotl <ichtinnotl at gmail.com>:
> Дечки, здраво уште еднаш,
>
> Мејлов го пратив пред некој месец, најверојатно заврши во спам поради
> некоја причина. Проблемот уште не е решен. Еве форвард од мејлот:
>
>
> ---------- Forwarded message ----------
> From: Hristijan Lubeski <ichtinnotl at gmail.com>
> Date: 2017-07-26 17:36 GMT+02:00
> Subject: [ИДЕЈА] Релоцирање на хаклабот
> To: ossm-members at lists.softver.org.mk
>
>
> Дечки, здраво
>
> Како што некои од вас веќе знаат, хаклабот не се справи најдобро со
> претходнава зима. Ниту пак ние.
>
> Испукаа цефки, тоалетната школка исто. Ѕидот од лева страна на
> тоалетот испука, дури се забележува и мов. Четири од пет соби не ги
> греевме (немаше ни со што), па температурата паѓаше ептен ниско.
> Чашите кои беа оставени во лабавото замрзнаа со водата во нив (нека
> биде ова мал потсетник за тој што ќе земе чаша нареден пат да ја измие
> и врати на место). Само random се грееше, со тие два електронски
> „панели“ не успевавме целата соба да ја загрееме па во поголемиот дел
> од времето се седеше со јакни.
>
> Муабетот е следен, хаклабот не може да се користи во зима. А се плаќа.
> Тие 3 месеци се плаќаат за џабе. 15.878,00 денари помножено со три
> месеци не се малце пари. Мене ми е јасно, а верувам и на сите други
> дека тешко е да најдеме подобро место за овие пари и плус да е во
> центар на Скопје. Ама хакирањето во зима е тешко, речиси невозможно.
> Студи.
>
> Ве молам да се отвори дискусија на оваа тема затоа што проблемот е
> сериозен. На следниов линк може да се ставаат предлог места за
> релоцирање:
>
> http://piratepad.net/n17j834QsA
>
> Хаклабот ќе остане на истата локација додека не се најде подобро место
> или решение за проблемот. Секој предлог, идеја и мислење се
> добредојдени.
>
> Хакерски поздрав,
> tinnotl
>
> P.S. Може да се собереме во КИКА па да ги разгледаме опциите сите
> заедно во хаклаб.
>
> --
> find me on the Internet at
> @tinnotl or https://tinnotl.github.io/
>
>
> --
> find me on tw: @tinnotl
> https://tinnotl.github.io/
> _______________________________________________
> Ossm-members mailing list
> Ossm-members at lists.softver.org.mk
> https://lists.softver.org.mk/listinfo/ossm-members
More information about the Ossm-members
mailing list