[2s.mk-friends] Член 51 од закон за здруженија на граѓани и фондации е залепен на фрижидер во хаклаб

Novica Nakov nnovica at gmail.com
Mon Dec 10 20:27:25 CET 2018


Го залепив јас минатата недела.

Членот гласи:
4. Одговорност за обврските
Член 51
(1)Организациите одговараат за своите обврски со целиот свој имот и средства.
(2) Членовите на органите на организациите одговараат лично и
неограничено за нивните обврски кон организацијата, за злоупотреба на
средствата на организацијата, за постигнување цели што за нив како
поединци се забранети или за злоупотреба на организацијата како правно
лице за да им нанесат штета на своите доверители.5.

Во врска со овој член е и члено 52 (подолу - кој што не го залепив
(заборавив да го испроинтам) бидејќи заглавивме со подесување на
принтери во линус (what else is new, eh?))

5. Одговорност за штета
Член 52
(1) Членовите на органите на организациите и нивните застапници по
закон се одговорни солидарно за штетата на организацијата предизвикана
од нивната работа, ако таа е предизвикана со грубо невнимание или со
намера да се предизвика штета, освен во случаите кога во одлучувањето
го издвоиле своето мислење на записник или ако не учествувале во
одлучувањето.
(2) Барање за надоместок на штета поднесува органот определен со
статутот или највисокиот орган, ако со статутот не е определен орган


Членот го залепив за да служи како потсетување на сите, а посебно на
тие што имаат преземено обврски за тековното работење на
организацијата, за законските одредби во врска со доспеаните обврски
на организациајта, а со тоа и на хаклабот, а во контекст на скорешната
опомена пред тужба што ја добивме за неплатени сметки.

Христијан приватно ми пиша дека нему ваквото известување му пречи и,
да не прераскажувам сѐ што се кажа, дека за било што што се лепи во
хаклаб треба да има согласност од мнозинството. Христијан може да
допише подетално ако сака да објасни, а за другите можете да кажите
дали ви смета ова известување да стои залепено со магнет на фрижидер.

-- 
≠


More information about the Ossm-members mailing list