[2s.mk-friends] Fwd: Годишно собрание за 2020 година (2CMK)

Hristijan Lubeski tinnotl at slobodensoftver.org.mk
Mon Apr 13 21:48:22 CEST 2020


(Во случај да завршило во спам)

---------- Forwarded message ---------
From: Hristijan Lubeski <tinnotl at slobodensoftver.org.mk>
Date: Mon, Apr 13, 2020 at 9:35 PM
Subject: Годишно собрание за 2020 година (2CMK)
To: Sloboden softver Makedonija <info at slobodensoftver.org.mk>


Здраво на сите,

Со регистрирање на нашата организација, според Законот за здруженија и
фондации, се имаме и согласено на сите негови поглавја, членови,
ставови и алинеи.

Па така, и оваа година како и сите минати, но и претстојни (се
надевам), имаме законска обврска да организираме седница на
организацијата на која што треба да се усвои годишниот извештај за
нашата работа, како и да се подготви финансиски извештај, и истите да
се објават јавно на slobodensoftver.org.mk.

Да не заборавам да напоменам дека сме должни да ги имаме објавено
најдоцна до 30 април во тековнава година, за претходната година.

Исто така, поради сегашната состојба со корона-вирусот (КОВИД-19),
седницата ќе биде одржана на Интернет. Врската ќе биде објавена еден
ден пред почетокот на собранието како одговор на оваа нишка.

За да закажеме точен термин, а притоа на сите да ни одговара, ги молам
сите членови на организацијата да пополнат кој ден во текот на
наредната недела (времето останува од 19:00ч. до 21:00ч.) највеќе им
одговара, на следниов линк: https://doodle.com/poll/qmd63r3nbe3q7g9c

Неколку предлози за на дневен ред:

1. Годишен извештај за 2019та година.
2. Барање на реформи на правилникот на МАРНЕТ и заштита на лични
податоци (предложено минатата година, но сѐ уште незапочнато).
3. Ажурирање на информациите на slobodensoftver.org.mk (секако ова
нема да е дел од годишниот извештај :)).
4. Промена на седиште на организацијата.
5. Ставот на организацијата за апликацијата „СтопКорона!“.
6. Mozilla Common Voice.
7. Регистар на членови. (види точка 3.)
8. Разно.

Слободно додадете предлози кои сакате да се дискутираат на годишното собрание.

Поздрав и сѐ најдобро,
Христијан Л.

--
yyy @ freenode
https://lh.mk/


-- 
yyy @ freenode
https://lh.mk/


More information about the Ossm-members mailing list