[LUG] testiranje
Danko Ilik
danko at on.net.mk
Sun Nov 17 18:41:41 UTC 2002
Мислам дека е малку поважно од преведувањето сите апликации да си
работат убаво со македонска кирилица... Да се види под кои точно услови
не работи приказот, принтањето, итн. Еве неколку примери:
- Во OpenOffice.org што доаѓа со RedHat 8 во некои големини фонтот си е
кириличен, а во други се појавуваат коцки. Сепак, ако тоа што е напишано
се печати, нема коцки.
- Acrobat Reader 5 паѓа ако се повика од околина со македонско локале;
треба да се повика со „LC_ALL=C acroread“
- Тастатура во X се мести на повеќе начини, и од КДЕ и од ГНОМЕ и
директно во X, и секое местење си има специфики... На пример во КДЕ може
да се направи да светнува ScrollLock кога ќе се промени тастатура, а не
може да се мења само со контролни копчиња без конкретна буква.
- hyphenation во latex (добро сеа, ова не е толку чест проблем... :-)
- Префрлањето во utf-8 во најновите Редхет и Мандрак е хаос
Овие работи се ептен битни за сериозно прифаќање на линуксот како
работна околина во Македонија и не се решаваат со маратон, туку треба
секој да се зафати со некој таков проблем ако мисли дека може да го
реши, да го реши и да напише текст за тоа и придружни .rpm
Ако тоа го направиме, а можеме зашто не има многу, и ако ставиме се на
сајт кај што луѓето ќе можат да отидат кога ќе им се јави проблем, тогаш
линуксот во Македонија има поголеми шанси.
За почеток, не би било лошо во одговор на овој мејл да напишете некој
практичен проблем што сте го приметиле. И евентуално ако некој се нафаќа
нешто да реши...
[конкретно, јас ќе се зафатам да напишам за акробат ридерот ;-)]
_______________________________________________
LUG mailing list
LUG at lists.linux.net.mk
http://lists.linux.net.mk/mailman/listinfo/lug
More information about the Ossm-members
mailing list