[LUG] Полека со Subject-от

Ангов Арангел ufo at linux.net.mk
Wed Oct 9 22:54:43 UTC 2002


Еве што дознав за Саемот на НВО:

,,Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Фондацијата 
Институт отворено општество - Македонија (ФИООМ), Институтот за трајни 
заедници (ИТЗ) и Католичките служби за помош (ЦРС), од 29.10. до 01.11. 
2002 година, во хотелот Александар палас во Скопје ќе организираат НВО 
саем - Форум на граѓанското општество во Македонија.НВО Саемот - Форум 
на граѓанското општество во Македонија има за цел да ја подобри 
информираноста на јавноста и другите актери за граѓанското општество и 
да ја подобри меѓусебната комуникација на НВО. Организаторите очекуваат 
дека НВО Саемот - Форум на граѓанското општество во Македонија ќе 
резултира со подобрено информирање и подобрена комуникација меѓу НВО, 
подобрена координација на НВО во врска со приоритетите за застапување и 
лобирање, зголемена информираност на јавноста и на другите актери за 
активностите на НВО и размена на искуства со НВО од регионот. Освен 
изложбениот дел, во деновите на одржувањето на НВО Саемот ќе се 
организираат и форуми, секторски работилници и едукативни сесии.
Конкурсот за учество на НВО Саемот - Форум на граѓанското општество во 
Македонија ќе биде објавен во дневните весници до крајот на месецот. 
Сите заинтересирани организации ќе можат да се пријават во согласност со 
условите предвидени во конкурсот."


За гулабот мислам дека Игор рече дека ќе го среди за на печат а и онака 
он највеќе се разбира во таа област.

Ја прочитав и јас html верзијата и не наидов на ништо спорно, значи 
ваљда ОК е. :)
Глиша, ако можам нешто да помогнам кажи...

И кој се нафаќа да обезбеди хостинг за сајтот и да среди една мејлинг 
листа? Дамјан, мислам дека ти се сложи да средиш за мејлинг листата па 
ако уште си во можност...

Еве еден предлог за кој што дискутиравме со Sniper. Да го искористиме 
саемот за промоција на организацијата и пошо е бесплатно на штанд може 
да ставиме една Linux машина со колку толку преведени работи за да им 
покажеме и објасниме на луѓето на лице место што е Слободен Софтвер. 
Башка ќе го облечеме Стојмир у одело и ќе го стаиме пред камера на прес 
да каже што како... (највише ради ова сакам да се појавиме) :)

Има добри шанси до тогаш да се заврши преводот на OpenOffice па ќе имаме 
и уште една плус работа за покажување...

ufo



_______________________________________________
LUG mailing list
LUG at lists.linux.net.mk
http://lists.linux.net.mk/mailman/listinfo/lug



More information about the Ossm-members mailing list