[LUG] Za registracijata

Ivan Stojmirov stojmir at linux.net.mk
Wed Oct 16 13:26:48 UTC 2002


On сре, 2002-10-16 at 14:40, Georgi Stanojevski wrote:
> On Wed, Oct 16, 2002 at 02:15:11PM +0200, Ivan Stojmirov wrote:
> 
> > Времето за регистрирање ќе биде околу месец дена.
> > Еве атачмент, што го даде тој адвокатот. Овој документ треба да го
> > попуниме и да му го дадеме.
> 
> Он ќе не регистрира?

Глиша, 
дај ПОД ИТНО прати ми ја финалната верзија на статутот.
Тој адвокатот има некои корекции.
Да ги апдејтуваме.


Утре треба да поднесеме молба за името.
Еве ја молбата. Треба да се корегира, да се напише вистинско
образложение (пошто тој адвокатот не е стручен тоа да го направи), да се
отпечати и утре да се однесе у министерство.






== бегининг оф молба ==

До Министерство за правда на Република Македонија

Предмет Барање Согласност за користење на името Македонија
во називот на здружение на граѓани Слободен Софтвер Македонија

Ве молиме да ни издадете Решение за согласност за користење на името
Македонија во називот на здружението на граѓани Слободен Софтвер,кое при
регистрацијата пред надлежниот Суд ,доколку ја добиеме бараната
Согласност би го носело називот Слободен Софтвер Македонија.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Иницијативниот одбор за основање зрдужение на граѓани Слободен софтвер
Македонија,Ви се обраќа со молба да ни издадете согласност за користење
на името Македонија во називот на здружението.наведеново го бараме од
причини за подобра комунииација и распознавање на нашето здружение во
поврзувањето со слични здруженија кои во својот назив го содржат називот
на нивната матична земја.Бидејќи нашето здружение е прво од ваков вид во
Република Македонија со внесувањето на името МАКедонија во секојдневното
комуницирање со бројни корисници на Интернет мрежата и И-меил ќе
придонесеме за позитивна промоција на името на нашата земја меѓу
милионите корисници на електронска пошта.
Со надеж на позитивен одговор срдечно Ве поздравуваме.



					Иницијативен одбор за основање на здружението на граѓани Слободен
Софтвер Македонија
						


Председател, Јас




== енд оф молба ==
_______________________________________________
LUG mailing list
LUG at lists.linux.net.mk
http://lists.linux.net.mk/mailman/listinfo/lug



More information about the Ossm-members mailing list