[LUG] За и околу финалната верзија на статутот
Александар Савиќ
savica at mt.net.mk
Fri Sep 27 07:03:58 UTC 2002
Novica Nakov wrote:
>се што смее едно здружение на граѓани да прави (бтњ, нешто ко невладина организација не постои според закон), кога станува збор за софтверов наш е само да го промовира. Тоа значи парите од чланарина за маички и флаери. Нема проекти, нема локализација и не знам што другу. Сето тоа е против законско...
>
>Што ќе кажете?
>
>
Новица,
И јас направив муабет со правник (сестра ми) и до негде ова што го
кажуваш е точно. Ако се регистрираме како невладина организација, тоа
автоматски значи дека сме и непрофитна организација, а сите знаеме што
тоа значи. Нема профит, парите се искористуваат за покривање на
тековните трошоци (телефон, кирија, парно, струја, вода). Ама немаше
време многу-многу да ми расправа, па треба да ја потсетам денес-утре да
ми објасни поподробно. Ама мислам дека грешиш за тоа дека не смееме да
правиме проекти, локализација и дека тоа е противзаконски. Ова ми е
многу чудно и не ми е "сварливо". Затоа ќе се распрашам и ќе пишам.
Сигурен сум дека како здружение на граѓани можат да се прават проекти,
да се добиваат парични средства и сл. бидејќи тоа е во согласност со
законските прописи, според статутот на здружението.
Поздрав,
Ацо
P.S. А што треба да се среди статутот, точно е. Штом еднаш помине
регистрацијата во суд, за евентуални промени во статутот мора да се
направи пререгистрација, а тоа се дополнителни малтретирања.
_______________________________________________
LUG mailing list
LUG at lists.linux.net.mk
http://lists.linux.net.mk/mailman/listinfo/lug
More information about the Ossm-members
mailing list