[Ossm-members] некои предлози за идната година на ОССМ?

Aleksandar Balalovski gssteam at on.net.mk
Fri Dec 19 13:52:50 UTC 2003


Новица Наков wrote:

>Да не ме разбереш погрешно, не викам дека не сакам да те обесхрабрам или
>сл., но сакам да се продискутира темата за истиот да се постави на здрава 
>основа и потоа тој пример да го средат други луѓе.
>
>  
>
Како прво сакам да потенцирам дека јас немам никаква добивка од тоа ако 
се отвори огранок во Битола на ССМ. Искрено мислам дека ќе ми е потребно 
и плус време кое (барем мислам дека) вреди да се најде, бидејќи сакам да 
направам нешто за нашава скромна заедница.
Понатаму, голем број корисници се збунети и не знаат каде конкретно да 
се обратат во врска со прашања за кои не можат да најдат решение. Некој 
има потреба од некоја дистрибуција, друг од инсталирање МДК, Редхет, 
трет Опен офис и т.н, се на се луѓето од битолскиот регион ( не само од 
Битола, има заинтересирани и од Демир Хисар, Ресен ...) треба да се 
соберат во некое „трло“ и да се водат кон правиот избор на слободен 
софтвер, оној на кој нив им е потребен.
Во врска со организацијата, спремен сум да превземам некои обврски од 
тип, организирање состаноци, презентации, па ако е потребно и некои 
собири на кои ќе се објасне некој принцип на работа/инсталација итн... 
сега за сега имаме една 50кв. просторија која за скоро треба да се 
доопреми минимално се со цел да се обезбеди место за организирање на 
собири, ако не од ССМ индивидуални.
Други работи кои треба да бидат задоволени или треба да ги поседувам 
кажете слободно и тет-а-тет, не наоколу...

Тоа би било се за оваа тема, друга работа е што јас и заинтересираните 
пак ќе се собериме, пак ќе имаме состаноци, ама не во рамките на ССМ, 
ами надвор од неа, заради објективните причини, што мене не ми е проблем 
(не е битно дали јас или ССМ ќе им помогне на корисниците), јас само 
сакам да им помогнам на тие на кои им треба слободен софтвер, како 
потреба не како хоби.

Поздрав, Александар

П.С.
Дали ќе има состанок пред Нова Година на оССМ ??



More information about the Ossm-members mailing list