OpenOffice.org 1.0.2 na makedonski
Zlatko Trajceski
zlat at bagra.net.mk
Tue Feb 4 21:33:21 UTC 2003
On Tue, 4 Feb 2003 22:05:43 +0100, you wrote:
>Во својата последна порака Zlatko Trajceski напиша:
>
>|Споени се нешто :_))
>
>Ако земам да правам поправки на големово нешто, може после истото да се
>користи за компајлирање...?
Да тоа е и целта на фајлот - со лесна конверзија (ОК и плус некоја
скриптичка :_)) ) да може да се стави во ооо билд системот - тој е тоа
што се вика фајнл за мерџ :_))
Е сега доколку земеш и го средуваш ти и во исто време го земе некој
друг ќе настанат проблеми кои најдобро е да ги спречиме. Затоа во еден
друг емаил спомнав (од предлогот на Стојмир) во секое време треба да
знаеме кој работи на главниот фајл и само тој да биде главен за што ќе
се внесе, а што не во него. Додека сите други да му праќаат грешки со
исправки како обичен текст кои тој ќе може подоцна да ги исправи, а да
не настане мешање и да се дуплира работата.
Исто така тоа ќе допринесе и за унифицираност.
Баже сега за сега изрази желба за работа на преводот меѓутоа во
нареднава недела ми кажа дека нема да може многу да му се посвети.
Значи - ќе го прашам вечерва каква е работата, па доколку си кандидат
за "воџа" во тоа време (а можеби и подолго ако се покажеш :_))) )
истакни се.
Се разбира тоа "воџа" не значи дека ти само треба да работиш врз
преводот - спротивно - значи дека сите ќе треба да ти праќаат што
треба да се поправи, а ти само да ги интегрираш работите и да се
грижиш за козистентноста на термините.
Ете испадна долг емаил :_))
--
m o reandmore and morea nd moreandmo r eandm ore andm ore
_______________________________________________
LUG mailing list
LUG at lists.linux.net.mk
http://lists.linux.net.mk/mailman/listinfo/lug
More information about the Ossm-members
mailing list