abe...

Zlatko Trajceski zlat at bagra.net.mk
Mon Feb 17 16:32:40 UTC 2003


Дамјан Георгиевски wrote:
>>Игор, тие што ги донесе на маратонот(девојките), донеси ги пак у
>>недела да им земеме пари...
>>
>>Пари Пари Пари! :)
> 
> 
> Мислам дека сеуште не се даде одговор на прашањето зошто некој би 
> давал пари за организацијата.
> 

Да се собереме и да донесеме еден документ во кој ќе биде наведено зошто 
е потребно да се плаќа членарина - заедно со тоа зошто постоиме и за што 
се залагаме - ова да биде нешто како документ на кој ќе ги посочуваме 
новите членови. Значи делот со членарината треба да биде спореден во 
документот, но сепак од целиот документ да се дава јасна слика што, како 
и зошто.


Генерален одговор би бил - за да имаме основни средства за 
функционирање. Бидејќи сме новоформирани и без никакви средства во 
моментов повеке од потребни ни се пари за основни административни 
трошоци (пр. отворање на жиро сметка).

Се до сега одеше за регистрација, печати,..., па не ни останаа средства 
со кои би направиле нешто видливо. Така на пример во иднина може да се 
направат маички кои ќе бидат поделени на членовите со парите од 
членарина - така да членарината би била на еден начин "вратена"... Сето 
ова се само претпоставки - туку дај да го напишеме документот кој го 
спомнав - има ли некој кандидат да направи прелиминарна верзија?


бтњ - одлуката дека членарината за оваа година ќе изнесува 2x300 ден. е 
веќе донесена (не ја донесов јас :_)) ) и не би требало (не смее!) да се 
измени до крајот на годината. Сепак со овогодишното искуство ќе можеме 
да ја намалиме за следната година или целосно да ја укинеме.




-- 
_(null)

_______________________________________________
LUG mailing list
LUG at lists.linux.net.mk
http://lists.linux.net.mk/mailman/listinfo/lug



More information about the Ossm-members mailing list