Re: [LUG] Доста е!

Peco Danajlovski vortex at unet.com.mk
Sun May 25 04:45:26 UTC 2003


> Дали воопшто некој ми обрна внимание кога замолив да модераторите на
> linux.net.mk стават икона за QT вестите, налет се овде има 2-3ца од
> администрацијата и пратив икона. Мислам дека се е личен интерес..

Имаш право човек, навистина се е личен интерес.

Еве јавно кажувам дека Глиша ме подмити со 2500 евра за да ти удрам некоја
гадна реплика во која ќе кажам дека нема врска тоа со личниот интерес, арно
ама јас не се продавам така лесно и така ефтино. Се заебал Глиша ако мисли
со бедна пара да го купи Пецо. :)

Сигурно се чудиш од каде толку пари? Сега ќе ти кажам.
Глиша & co. беа контактирани од страна на здружените тимови на GTK и GNOME.
Луѓето исплатиле 10,000 евра за да се забошоти поставањето на таа фамозна QT
икона. Затоа и те игнорираат толку време со некои безвезни изговори како на
пример тоа дека воопшто не си ја пратил иконата по мејл.

Се прашуваш како се најдов јас тука? И тоа ќе ти кажам.
Бидејќи во заговорот учествуваат сите од Слободен Софтвер им требаше некој
човек од страна за да се оттргне сомнежот дека се работело за лични
интереси. Изгледа јас им бев одличен за таа намена, ама проценката им беше
лоша и ете најверојатно многумина си вперуваат пиштол во глава (или користат
други начини за самоубиство) додека ја читаат оваа порака.

Навистина не можев да седам мирен дека некој профитира со тоа што ти ја
игнорира QT иконата и мислам дека разоткривањето на овој гнасен случај е
најмалку што можев да сторам вакво нешто повеќе да не се повтори.

Се надевам дека ти ги разјаснив работите. Толку од мене, сега идам да го
сквернавам безживотното тело на Глиша... :)

_______________________________________________
LUG mailing list
LUG at lists.linux.net.mk
http://lists.linux.net.mk/mailman/listinfo/lug



More information about the Ossm-members mailing list