[Ossm-members] Re:mozilla prevodot
Igor Popovski
igormk at freemail.org.mk
Wed Nov 5 18:25:43 UTC 2003
savica at mt.net.mk напиша:
> Te molam poseti go
> http://www.ossm.org.mk/dokumenti/bonton.html
Се извинувам ако во било кој момент си почувствувал дека сум ги прекршил
првите 2 ставки од горната листа.
Значи, едно големо ИЗВИНИ.
> Prasaj gi ostanatite clenovi od organizacijata... Sto e potocno,
> prezemanje ili prevzemanje. Zasto da nema diskusija. Jas, kako sto
> gledam, samo ti se protivis...
Јас не се противам. Впрочем, не сум ниту член на организацијата.
Едноставно, добронамерно гледам кон вашите напори и (исто така
добронамерно) се потрудив да ви дадам одредени сугестии.
Ако ОССМ смета дека локализацијата треба да се врши на произволен
македонски јазик, на „скопски сленг“ и сл., јас ниту сакам, ниту можам
тоа да го спречам. Само мислев дека ако сакате да бидете достојна
конкуренција на евентуално во иднина достапниот комерцијален софтвер на
македонски, треба да внимавате и на правописот. Зошто M$ и Владата на РМ
сигурно нема да импровизираат. Таму има големи пари и како и секаде ќе
се платат стручни лица - лектори, како дел од тимот за преведување. Таму
нема да има импровизации!
Во спротивно, сите дискусии и дебатирања околу штетноста на договорот со
MS паѓаат во вода! Барем за делот кој кажува дека Македонија веќе има
локализиран софтвер како алтернатива.
Добронамерна сугестија: обидете се да врбувате барем еден член кој има
завршено или е при крај со студиите на Филолошкиот факултет во Скопје.
Најдобро на Катедрата за македонски јазик.
More information about the Ossm-members
mailing list