[Ossm-members] Re:mozilla prevodot
Дамјан Георгиевски
penguinista at mail.net.mk
Thu Nov 6 10:54:04 UTC 2003
> Впрочем, не сум ниту член на организацијата.
Што не значи дека нема да те ставиме во датабазата :) <- joke
Оваа листа ионака не е САМО за членови, туку за сите заинтересирани и е
претежно наменета за технички прашања.
> Едноставно, добронамерно гледам кон вашите напори и (исто така
> добронамерно) се потрудив да ви дадам одредени сугестии.
фала, така и треба.
> Ако ОССМ смета дека локализацијата треба да се врши на произволен
> македонски јазик, на „скопски сленг“ и сл., јас ниту сакам, ниту
ОССМ сигурно не го мисли тоа. Но...
> можам тоа да го спречам. Само мислев дека ако сакате да бидете
> достојна конкуренција на евентуално во иднина достапниот комерцијален
> софтвер на македонски, треба да внимавате и на правописот. Зошто M$ и
> Владата на РМ сигурно нема да импровизираат. Таму има големи пари и
> како и секаде ќе се платат стручни лица - лектори, како дел од тимот
> за преведување. Таму нема да има импровизации!
> Добронамерна сугестија: обидете се да врбувате барем еден член кој
> има завршено или е при крај со студиите на Филолошкиот факултет во
> Скопје. Најдобро на Катедрата за македонски јазик.
... за жал без скоро никаква заинтересираност од институциите кои ИМ Е
РАБОТА да се грижат за јазикот, ниту пак без материјални средства,
локализација засега е оставена на волонтери кои не секогаш се
најписмени ... и тоа е реалноста на нашава ситуација.
Сепак конкурентноста на „Слободниот Софтвер“ (ОССМ не е фирма за да биде
конкуренција) е голема дури и кога софтверот е на англиски јазик. Од
проста причина дека секој, секогаш може - ја има слободата - да направи
уште подобро локализирана верзија на софтверот. Тоа никогаш нема да го
имаш со proprietary софтверот. (не знам дали го знаеш примерот со
преводот на MS IE)
--
Дамјан (jabberID:damjan at bagra.net.mk)
Make it idiot-proof, and someone will breed a better idiot.
More information about the Ossm-members
mailing list