[Ossm-members] Re:mozilla prevodot
Igor Popovski
igormk at freemail.org.mk
Thu Nov 6 22:45:11 UTC 2003
Дамјан Георгиевски напиша:
> Сепак конкурентноста на „Слободниот Софтвер“ (ОССМ не е фирма за да биде
> конкуренција) е голема дури и кога софтверот е на англиски јазик. Од
> проста причина дека секој, секогаш може - ја има слободата - да направи
> уште подобро локализирана верзија на софтверот. Тоа никогаш нема да го
> имаш со proprietary софтверот.
Целосно се сложувам со ова...
Сепак има две работи на кои треба да се обрне внимание:
Прво, сигурно ќе се согласите дека слободниот софтвер многу полесно ќе
„навлезе“ меѓу народот ако истиот е локализиран, т.е. на мајчиниот ни
македонски јазик.
Второ, не секој е подготвен без никаков надомест за вложената работа да
се нафати со таква обемна работа како што е локализација на софтвер.
Всушност, таквите луѓе се многу малку; значи, едно големо БРАВО, па и
благодарам за вас.
Веројатно најголемиот проблем е тоа што Владата на РМ (било која, не
сакам да има политички призвук поракава) не е способна да одреди што е
приоритетно, што најповолно за неа и во крајна инстанца што е најдобро
за народот. Најдобро би било кога државата наместо да склучува договори
со производители на комерцијален (proprietary) софтвер и да ги троши
нашите пари (на даночните обврзници), истите тие пари (а веројатно и
помалку) да ги вложи во преориентација кон open source софтвер и негово
прилагодување за употреба во Македонија, т.е. локализирање.
Сигурен сум дека и ОССМ ќе се сложи со ова. Но, состојбата е таква и сè
додека „не ѝ дојде памет“ на Владата, ОССМ треба да се потруди
„нејзините производи“ да бидат што е можно „поконкурентни“ со
евентуалната „конкуренција“ во ликот на M$. Така веројатно многу полесно
ќе се „опамети“ Владата... А во крајна мера и само така open source
софтверот ќе се прошири во поголема мера меѓу населението, па и државата
кога-тогаш би била приморана да го прифати!
> (не знам дали го знаеш примерот со
> преводот на MS IE)
На македонски? Не, кажи?
More information about the Ossm-members
mailing list