[Ossm-members] Множина во мак. јазик и gettext
Томислав Марковски
tome at users.ossm.org.mk
Fri Aug 6 10:02:31 UTC 2004
Се дискутираше на оваа тема неколку пати, но исходот беше пак неодреден.
Би сакал да најдеме _конечно_ решение за начинот на кој се интерпретира
множината на македонскиот јазик, конкретно во gettext. Се работи на
преводот на GNOME 2.8 и има многу датотеки кои имаат множинска форма
(msgid_plural). Гледав низ разни преводи (КДЕ, ГНОМЕ и сл. но секаде е
различно или не постои ваков случај. Она што утврдивме е дека користиме
3 форми за еднина/множина, но не утврдивме во кои случаи ќе се користи
секоја од нив. Ова е потребно за правилно формирање на ставката во
хедерот на .po датотеките која се вика Plural-Forms.
Наједноставен начин би бил овој:
Plural-Forms: nplurals=3; plural= n==1 ? 0 : 1
Со ова само кажуваме дека множина ќе се користи за кој било n број на
ставки поголемо од 1. Но не е така. Знаеме дека се што завршува на 1,
користи форма за еднина „пр: 21 папка“. Затоа:
Plural-Forms: nplurals=3; plural= n==1 || n%10==1 ? 0 : 1
Но и оваа форма користи само една множина. Молам некој што е поупатен да
појасни точно во кои случаи се користат различните множински форми, а
изразот ќе го составиме лесно ако ги имаме правилата.
Благодарам.
More information about the Ossm-members
mailing list