[Ossm-members] Множина во мак. јазик и gettext
Томислав Марковски
tome at users.ossm.org.mk
Tue Aug 10 06:51:44 UTC 2004
Томислав Марковски wrote:
> Не мора во сите датотеки, туку само во оние каде што имаш користење на
> множина. А не се многу сигурен сум. Пробај да ги најдиш сите датотеки
> во преводот (ако ги имаш на диск) кои содржат msgstr_plural. Ако го
> има тоа, провери рачно дали секаде има msgid[0-2] (три преводи) и ако
> има, додај го тој хедер.
A reply to myself:
Хедерот, поточн изразот во хедерот plural не е баш најточен. Зошто?
Затоа што никогаш нема да ја искористи формата msgid[2], што може лесно
да се види од истиот. Тоа е затоа што не знам кога точно се користи таа
форма. А кога мислам кога точно, мислам на колку бројки во избројана
множина. Го знам примерот со „рид, ридје, рида“, но тоа е само еден
исклучок кој и не сум сигурен дека важи за сите останати. Во тој случај,
или ќе почекаме некој со слидно познавање на граматиката да ни објасни,
или ќе користиме само една множина. :-|
More information about the Ossm-members
mailing list