[Ossm-members] Превод на peer
Зоран Димовски
decata at mt.net.mk
Tue Aug 24 14:59:57 UTC 2004
Томислав Марковски wrote:
> On Mon, 23 Aug 2004 22:09:10 +0200, Зоран Димовски <decata at mt.net.mk>
> wrote:
>
>> Здраво на сите. Сакам да прашам дали некој е сретнал превод на зборот
>> PEER или PEER-TO-PEER. Дали некој воопшто знае како би се превело ова на
>> македонски. По мое би дошло некако како „далечен корисник“ или нешто
>
>
> Го имавме тој проблем при преводот на Федора, но не најдовме некое
> соодветно решение.
> Можеби „клиент“, односно „клиент-клиент“ би било јасен превод за што
> се работи.
Па да ти кажам и во право си.
> Не пр. "peer-to-peer connection" би било „врска клиент-клиент“, нели
> спротивно на „врска клиент-сервер“.
> Пак ќе кажам, и мене не ми стои многу соодветно, но е најбилску што
> можам да се сетам.
>
Ок преводот би дошол во ред во поголем дел од преводите. Но, во мојот
случај да речеме имам "peer's certificate wasn't ok" така да јас мислам
дека најдобро е да се преведе како „сертификатот на далечниот
клиент/корисник не е во ред“ а во контекст на peer to peer прифатливо е
да се преведува како „клиент-клиент“.
Поздрав Зоки.
More information about the Ossm-members
mailing list