[Ossm-members] Dozivuvanja so nasite carinski organi

Nikola Vanevski nvanevski at gmail.com
Fri Dec 3 10:55:52 UTC 2004


Е другари, 
денес ми се случи една од поневеројатните работи.

Вчера ми дојде на врата еден добродушен поштар (бивши колега) и по
две-три минути лаф-муабет ми дава писмо со печат од Пошта за царинење.
Го отварам пликот и внатре ми пишува дека имам пратка од толку и толку
тежина од таму и таму, и да донесам фактура за да ми ја оцаринат.
Бидејќи сум мирен тип и не се занимавам ни со шлепери ни со увозни
квоти, цркнав од љубопитство да видам за што ни крив ни должен ќе ме
царинат. И така денес со ливчето под мишка го исправив патот до
Железничка станица (не дека сум многу далеку) и по едно петнаесет
минути чукање по шалтерот, еден мустаклија ми отвори и ми го грабна
ливчето од рака како да сум јас крив шти ги намалија царините за коли
и алкохол, и одма пред нос ми го затвори шалтерот. Не би три минути,
пак се отвори шалтерот и една строга млада тетка во зелена униформа
почна да ми мавта едно бело пакетче пред носот (ко да е полно со
колумбиски хероин) и ми вика „Што е ова?"? И ни пет ни шест, од
пакетчето ми извади.... Убунту ЦД.

Тоа јас пред некои два-тру месеци (кога беше фрката со Убунту) сум ја
искористил понудата за да ми испратат бесплатно ЦД, И не едно, туку
.... десет парчиња!

Сега јас почнав да се потам - како јас на теткава која веројатно не
видела компјутер, да и објаснам што е Линукс и поготово што е Убунту
Линукс. Море објаснувај дека е софтвер, па дека е бесплатен....

„Зошто овде нема фактура дека е бесплатен?"

Ајде објаснувај дека сум го нарачал по Интернет, дека е промотивен
материјал. Пак прашање :

„А дали сте вие регистрирани за увоз?" - тоа јас на анкетата на Убунту
сум напишал кај работам, и тие на адресата го напишале и името на
фирмата (бивша), а нашиве фала богу сфатиле дека фирмата е примач и
увозник. Па објаснувај дека фирмата не прави увоз и дека ова е
подарок. Пак прашање :

„А за што ќе служат овие ЦД-а?" 
Прво што ми падна на памет беше - лична едукација. „ Десет ЦД-а за
лична едукација???" - ме погледа како три години да не сум платил
кирија, со оној „за што ме мислиш ти мене" поглед. Ајде пак објаснувај
дека овие можам да ги делам по пријатели, пак дадов една кратка
лекција што е Линукс.. И на крајот, the ultimate question :

„А дали софтверов е регистриран???" 

Е овде веќе ми пукна филмот. пак кратка лекција за слободен ем
бесплатен софтвер, кај што нема потреба од регистрација, лиценци,
дозволи итн. Малку и стана појасно кога објаснив дека тоа може да се
симне од Интернет и дека за да не симнувам две ЦДа, ми понудија да ми
ги испратат, ама пак не и беше баш најбистро. И на крајот се предадов
и велам - Кај имате компјутер со Интернет, да ви покажам како е
дојдено до ова? И тетката ме изненади - го преврти ЦД-то од задната
страна и ми вели - „Еве гледам овде интернет адреса - ќе си проверам
јас самата!"

И така, дојдовме до фактот дека не шверцам ни оружје ни дрога ни бело
робје, ниту пак заштитени информации, па се согласивме да ми го
испрати пакетчето по пошта и сега весело ќе чекам да го добијам
(наместо да си го земам на лице место).

Крајниот заклучок е дека (веројатно) ќе имам десет Убунту ЦД-а, па ако
има заинтересирани...Стојам на располагање!

Нино


More information about the Ossm-members mailing list