[Ossm-members] Ubuntu linux (TheOpenCD)

Darko Nikolovski darkon at npk.com.mk
Tue Dec 7 07:51:02 UTC 2004


Еве ти го преведен, 

има неколку зборчиња оставени на англиски пошто во моментов не ми текнуваше соодветен термин на македонски.

Кој не го мрзи, нека прочита и поправи.






Ubuntu Linux е комплетен десктоп оперативен систем со отворен изворен код.Основниот систем и останатиот додеен софтвер е достапен бесплано/слободно. Поддршката е достапна од заедницата или од професионални подржувачи."Ubuntu" е анточки Афрички збор, кој што значи „хуманост до останатите“.Ubuntu исто така значи „јас сум тоа што сум поради тоа што сите ние сме“.Ubuntu Linux дистрибуцијата го внесува духот на Ubuntu во светот на софтверот.

TheOpenCD (Отвореното ЦД) и Ubuntu се здружија за да го подржуваат взаемниот развој и дистрибуција. Скоро released LiveCD верзија на Ubuntu соджи скратена верзија на  TheOpenCD припремена од нашиот тим. Со ова LiveCD вие можете да го вклучите Ubuntu директно од вашиот CD уред без притоа да инсталирате ништно на вашиот систем. Ако веќе сте спремни да ги оставите фрустраците и грижите на Windows позади вас, ние ви го препорачуваме Ubuntu LiveCD како следниот чекор во вашето патување до слободата на софтверот.

Кратка турнеја 

Стандардниот кориснички интерфејс се базира околу Gnome десктоп околината. Кога го стартувате системот за првпат ќе бидете дочекани од десктоп кој е невообичаено чист и уреден. Без никакви икони на десктопот според основните подесувања!

Дури и кантата за ѓубре е преместена доле во taskbar-от. Основната тема „Human“ е дизајнирана да биде лесна на окото. Но Linux е по својата природа флексибилен; можете да го менувате изгледот и однесувањето на десктопот на многу начини, од едноставно менување на основната тема до бирање на друга десктоп околина, како што е KDE.

Менито „Апликации“ ви дава пристап до избор на корисни програми, деодека менито „Компјутер“ ги содржи системските подесувања. Ubuntu вклучува повеќе од 1,000 поддржани парчиња софтвер, почнувајќи со Linux кернелот верзија 2.6 и Gnome 2.8, покривајќи ги сите стандардни десктоп апликации од текст процесори,  spreadsheet  апликации до апликации за пристап на интернет,  thumbweb серверски софтвер, email софтвер, програмскки јазици и алатки, и секако неколку игрички. Доколку ви е потреббен повеќе софтвер, едноставно користете ја Synaptic алатката за управување со пакети и превземете и инсталирајте програми од слободно достапните софтверски repository.„Universe“ repository има додатни 10 000 апликации од незаменливиот Debian проект.






More information about the Ossm-members mailing list