RE: [Ossm-members] Еден пасус за превод

Filip Risteski filip_risteski at mt.net.mk
Tue Dec 7 15:03:11 UTC 2004


> > Обработувачот на траки Ви ги покажува траките кои што сте ги избрале за
> снимање на ЦД. Со употреба на обработувачот на траки можете да ги
> обработите со десен клик на глувчето пред да ги дадете на снимање.
> >
> 
> Проблемот е како да му се објасни на корисникот што е „обработувач"
> (јас го преведувам како „уредувач"),
Ме бендиса ова уредувач.

> што се траки и каква е нивната
> улога кај ЦД-ата. Кога јас би бил некоја хипотетична тетка која сака
> да си ги сними сликите на ЦД, ваков пасус ќе ме остави подзинат(а).
Прво секоја тетка знае дека и касетите и плочите имаат и знае што е тоа филмска трака, така да ова со тракиве и не е толку нејасно. А ако малку и брчи логиката на таа тетката ќе сфати што е тоа уредувач.

> Нејсе, кога веќе го ставиле во упатството, ќе го преведам, ама тешко
> на тој што ќе го чита :) Инаку, упатството си има моменти кога не е
> баш најјасно, а предвидено е за луѓе кои не се сретнале со компјутер
> и/или Линукс...

Жалосно е што професорите по информатика се слабо описменети (барем во Прилеп тоа е случај), и што воопшто луѓето не знаат како да се снајдат со менијата од филмовите на ДВД. И ти очекуваш дека таа истата тетка навикната ,кога ќе ја стави лентата во видео, филмот автоматски да почне, наеднаш да почне да се снајдува со менијата на ДВД. Треба малку време да помине. Колку пати сум објаснувал на постари луѓе како се вметнува нов број во именикот од мобилниот телефон. Нов мобилен? Ај поново еден саат објаснување:( И ти воопшто очекуваш од таков човек дека ќе знае да сними ЦД. Секој оној кој што знае малку компјутер ќе го сфати ова преведеново вака како што е. А некој што мисли дека ЦД-Ром служи за кафе, нема да знае да се снајде музика да си пушти во компјутер, па колку и да е просто тоа.

Поздрав
Филип


More information about the Ossm-members mailing list