[Ossm-members] TheOpenCD.mk
Новица Наков
novica at bagra.org
Thu Dec 9 21:48:07 UTC 2004
Georgi Stanojevski напиша:
> - Програми за кои ќе мора да се прават паралелни верзии.
Како тоа мислиш паралелни верзии? Не разбирам што збориш за инсталер, зар
самото ОпенЦД нема свој инсталер?
> * Мозила (Оваа ќе иде без инсталер пошто треба да се инсталира
> .xpi фајл на инсталирана верзија и после пак да се генерира
> инсталер. Евентуално некој друг?)
Овде може некој со желба да се бафта со nsis (или кој и да е на mozilla
инсталерот) да го инсталира xpi-то и да ја спакува после мозилата, при што
патем ќе среди и обележувачи и сл.
> * Firefox (Новица си е зафатен со ова, и рече дека фалеле уште
> инсталерот да се преведе за да му направат билд. Иако рече дека
> ќе ми прати не ми пратил да му помогнам ако не се ужасно многу.
> Колку би можел инсталер да има зборови?)
wc installer.inc
190 1941 18600 installer.inc
Ти стига пошта. btw, 3 датотеки се за да се преведе целосно инсталерот на ФФ:
wc install.it-unix
90 361 3289 install.it-unix
wc install.it-win
137 563 5567 install.it-win
Може уште некој да се пријави да ги преведе последниве две.
Инаку преводот на ФФ дополнително се искомплицира, пошто мозила-транслатор
нешто заебува при експорт на фајловите. Така идејата е викендов да го средам
преводот преку .po датотеките, и после да се провери дали се е во ред со нив
(има некои скрипти за ова кои досега се покажале како успешни). Се на се до
нова година може и ќе имаме ФФ на македонски.
> * Thunderbird (Ова исто има некој проблем иако барем 90% е
> преведено, пошто 0.8 беше 100% преведена. Може некој да се вклучи
> и да му помогне на Новица.)
Ова е on-hold се додека луѓето од translate.sf.net не избацат pot за ТБ 1.0.
Нема шанси да продолжам да се заебавам со МТ.
--
Новица
An eye for an eye
makes the whole world blind.
More information about the Ossm-members
mailing list