[Ossm-members] roadmap* za oficijalen firefox 1.0 na makedonski jazik
Томислав Марковски
tome at users.ossm.org.mk
Fri Dec 17 22:43:40 UTC 2004
On пет, 2004-12-17 at 21:18 +0100, Новица Наков wrote:
> Второ, потребните преводи за install-ерот: знаете дека има уште две датотеки
> кои треба да се преведат. Сега би било добро да се пријавите ако сакате да
> помогнете.
>
> wc install.it-unix
> 90 361 3289 install.it-unix
>
> wc install.it-win
> 137 563 5567 install.it-win
>
> Значи 90 т.е. 137 линии.
Би можел да ти помогнам. Прати ми порака со потребните датотеки за
превод и што има друго да кажеш околу тоа.
> Петто: мала страничка за сите овие работи која ќе се појави на
> mozilla.slobodensoftver.org.mk или mozilla.softver.org.mk. Мислам само
> една-две html страни каде ќе ги има банерчињава што се прават и некои основни
> информации за работата која е завршена.
И тука ќе пробам нешто. Ќе те известам дополнително.
> Шесто: функционалноста на xpi-то. Ова го сметам за многу важно прашање.
> Стојмир (на Убунту мислам) се пожали дека мора постојано да ја пишува онаа
> командата -UILocale mk-MK -contentLocale MK за да го стартува ФФ на
> македонски. Јас сум немал такви проблеми на мојот Слеквер, т.е. еднаш
> стартувам така и оттогаш е на македонски. Но овој проблем ми се јави и на
> еден WinXP SP2. Но на Слекверов пак -ProfileManager ми дава англиски јазик,
> што исто така може да е дел од проблемот. Значи треба да се испита дали ова е
> проблем само на нашето xpi, или пак проблем на оперативните системи. Кој може
> нека истестира како стојат работите со xpi-ја од други јазици.
Истото е и кај мене. Морам секогаш да подигнувам со тие аргументи.
--
Томислав Марковски
The difference between reality and unreality is that reality has so
little to recommend it.
-- Allan Sherman
More information about the Ossm-members
mailing list