[Ossm-members] Re: Кирилична тастатура X+console/Slackware
дамјан г.
mk at net.mail.penguinista
Tue Feb 10 10:07:53 UTC 2004
> Во конзола успеав да подесам македонски да читам, значи кога ќе напишам
> date ми покажува „пон 09 јан 2004“ итн, но кога со alt-shift ќе сменам
> режим, тогаш куцам хиероглифи.
Еве како се подесува кириличната (UTF-8) конзола кај мене
unicode_start
setfont -v UniCyr_8x16
loadkeys mk-utf
> До тука стигнувам со проблемот што го објаснав. Знам дека треба уште да
> го подесам фонтот со setfont, но никако да најдам соодветен фонт, т.е.
> може имам само не знам каде се наоѓа.
Не знам дали кај тебе го има овој UniCyr_8x16 (кој е прилично добар фонт
со кирилица), можеш да пробаш и со LatArCyrHeb-16.psfu или
Cyr_a8x16.psfu.
> - X немаше никакви проблеми, ископирав некои win фонтови во ~/.fonts и
> супер иде. Не ми се свигаше само што KDE не чита locale
хмм, моите искуства не се такви, никогаш не сум имал проблем KDE-то да го
препознае locale-то... размисли дали при стартање на KDE-то е подесена
LANG променливата и да не е подесена и некоја друга променлива (како
LC_ALL)
btw во кде-3.2 има и одличен font инсталер.
> P.S. Користам UTF-8, наместо ISO-8859-5
И јас...
за жал сеуште има некои ситни проблеми со UTF-8, ако те интересира решение
да почнеме нова тема.
--
Дамјан (jabberID:damjan at bagra.net.mk)
Ok guys, I'll implement focus-follows-mind next time and ship a magic
patch.
-- Matthias Ettrich (KDE developer)
More information about the Ossm-members
mailing list