[Ossm-members] Re: Сајт на денот во денешно " =?utf-8?Q?=D0=92=D1=80=D0=B5=D0=BC=D0=B5?=" - Македонски Линукс

zlochko at on.net.mk zlochko at on.net.mk
Thu Jul 1 06:16:38 UTC 2004


> > Предлагам да напишеме писмо и да го испратиме до
> редакцијата на „Време“.
> 
> 
> Фак еј, изгледа она ани паблисити из гуд паблисити е
> вистина. Штотуку се сруши рекордот на посетеност на
> www.linux.net.mk.

Драги членови од ОССМ.
Ова што сега ќе ви го напишам го пишувам со здрав разум и
најдобри намери иако е 8 часот наутро и иако сеуште не сум
баш најубаво расонет.
Тоа што можам да ви го кажам (без да навлегувам во одбрана
на FilipS бидејќи и самиот тоа знае да го направи) е
следново. Филип никогаш не навлегува во расправии чисто за
да се расправа. Вообичаено има аргументи.
Да сум на ваше место, не би пишувал писмо, барем не такво
кое што претпоставувам дека ќе напишете, преполно со контра
- аргументи, туку баш напротив... 
напишете едно писмо во кое што велите: „се согласуваме со
дел од изнесените аргументи на господинот Стојановски и
поради тоа јавно го повикуваме да се приклучи на нашата
организација и да допринесе со своето учество за доброто на
целокупната држава“. На овој начин... или ќе добиете еден
навистина вреден член (верувајте ми овој пат на збор дека
FilipS е страшно способен човек и драгоценост е било која
граѓанска организација да го има кај себе), или ако не
друго ќе му ја затворите устата, те. во случајов раката.
Иако... верувајте... критика секогаш мора да има, па и
колку да е на моменти неоснована (за што во случајов не сум
сигурен), бидејќи таа солидно знае да ги размрда работите и
да ги спречи луѓето да заспијат. :)

Еј... мојава порака... впрочем исто како и онаа на FilipS
(ако навистина е негов текстот) е со најдобри намери.

Поздрав,
Злочко.



More information about the Ossm-members mailing list