[Ossm-members] Re:Сајт на денот во денешно "Време" - Македонски Линукс
Ivan Stojmirov
stojmir at linux.net.mk
Fri Jul 2 07:44:17 UTC 2004
Aleksandar Balalovski wrote:
>> Most definately треба писмо да се напише. Излеговме на задна страница
>> на еден многу читан дневен весник, ама не во добро светло. Беа
>> изнесени сериозни обвинувања од страна на Филип или whoever. Треба да
>> пратиме официјално писмо до редакцијата на Време во кое ќе бараме
>> извинување и дрн дрн...
>>
>>
> Епа веќе нека го стори некој тоа ...
Не гледам потреба од такво нешто.
Како прво: сајтот официјално не е дел од организацијата (иако е тесно
поврзан со неа).
Второ: по која основа ќе бараме извинување? Тие не произнесоа никаква
лага или клевета. Се што е напишано во текстот е вистинито. Проблем е
што авторот на текстот има одредени сфаќања за работите кои на нас (а
верувам и на секој компјутерџија со здрав разум) не ни се допаѓаат, а
тој ќе успее да им ги наметне на дел од неупатените читатели. Класична
новинарска гомнарија.
Тоа што Време (нивниот соработник) се нафатиле да рецензираат *приватен*
сајт е нивни проблем, а мене лично како администратор и основач на
сајтот (веќе) не ми претставува проблем. Готово е со тоа.
На крајот само може да им се заблагодариме за бесплатната реклама. :-)
Патем, треба убаво да го прочитате целиот тред и да видите дека
обвинувањата против Филип дека тој е автор на текстот се потполно
неосновани. Се дојде заради глупави претпоставки. Јас лично сметам дека
друг е автор на текстот.
Затоа редно е да прекинеме со празните муабети и да ги оставиме и Филип
и Време на страна.
--
(c) 2003 De Ja Vu Inc. (c) 1994 De Ja Vu Inc.
More information about the Ossm-members
mailing list