[Ossm-members] SFD во Македонија

Arangel Angov ufo at linux.net.mk
Sat Jul 3 05:29:29 UTC 2004


Software Freedom Day во Македонија - 28.08.2004

Бидејќи времето лета а и досега не сме организирале настан од вакви 
размери не би било лошо уште сега да направиме некој план и да си 
поставиме некои рокови.

Идејата е да се организира настан за светскиот ден посветен на 
слободниот софтвер на кој што би се презентирале предностите на 
слободниот софтвер и софтверот со отворен код и неговата примена во 
владиниот, невладиниот и приватниот сектор.

1. Простории - Стојмир да контактира со Валериј од градско собрание и да 
го праша дали може да се среди за големата хала и со што се доаѓа 
големата хала, за да знаеме дали ќе ни фали нешто како озвучење итн.
2. Луѓе и презентации
- Златко - OpenOffice.org
- Новица, Златко, Ристе... (има повеќе луѓе што ја направиле оваа 
презентација) - Општо за слободниот софтвер и оперативниот систем 
GNU/Linux + За Слободен Софтвер Македонија
- Гемиџи - Гемтер Пак (да се надеваме final верзија) :)
- Томе - ГНУ/Линукс како гејминг платформа

Може да се вметне уште некоја презентација на Mozilla фамилијата како и 
нешто плус за локализацијата и другите наши тековни проекти.

Досега се пријавија тројца бугари да дојдат на нивен трошок и да 
направат презентации (едната за слободниот софтвер и заедницата во 
Бугарија и другата нешто техничка беше, за софтвер некој), секако 
доколку би организирале вакво нешто. Финтата со бугарите е што ќе треба 
да земеме по еден дома. :) Златко спомна дека би можеле да поканиме и 
некој од СЦГ или Хрватска, па ако се за доаѓање ние да им обезбедиме 
само спиење и оброк.

Не би било лошо да се разгледаат можностите и да се поканат неколкуте 
фирми што имаат врска со GNU/Linux (Неоком, Писофт, X.net...) во 
Македонија, да се побара спонзорство (за да се помогне организирањето на 
настанот) и да им се понуди да настапат со своја презентација...

3. Кампања или whatever
- печатење на постери, флаери, памфлети за цедеа
- набавка и режење на цедеа со TheOpenCD
- превод на TheOpenCD (не е многу)
- печатење на маички за настанот


Ова го пишувам поради тоа што веќе разговарав со 5-6 луѓе кои што се 
сложија со организирањето на ваквиот настан и се договоривме да ги 
испратам моите предлози на листа и потоа да ја продолжиме дискусијата овде.

Сега за сега тоа ми текнува само. Не би било лошо пред почеток на 
одмориве, значи пред 10-15ти некаде да имаме готов план за акција.

И за крај, многу интересно прашање што го сретнав на маичките што се 
спремаат за SFD: "Got Freedom?" :)

Поздрав,

-- 
ufo




More information about the Ossm-members mailing list