[Ossm-members] Известување

Aleksandar Balalovski gssteam at on.net.mk
Thu Jun 3 14:33:53 UTC 2004


Ivan Stojmirov wrote:

> Aleksandar Balalovski wrote:
>
>> Што да ви кажам...ми треба охрабрување!
>
>
> Сите работи што треба ти да ги кажеш таму, се докажани.
> Ги призна Владата, ги кажа антикорупциската комисија, ги трубевме ние, 
> а ги знае секој поупатен компјутерџија. Нема од што да се плашиш.
>
> Поентите се јасни: затворени стандарди, монопол, излив на наши пари во 
> странство...
> http://sakamdaznam.slobodensoftver.org.mk/microsoftlosho.php
>
> Мислам дека е битно да не се фокусираш на тоа дали договорот е лош или 
> не. Тоа е веќе кажано.
> Главна поента треба да ти биде "Што сега? како да го надминеме 
> проблемот? Користете слободен софтвер, кажете им на пријателите, 
> инсталирајте во вашата фирма, инволвирајте се во заедницата! Ќе 
> добиете слобода, квалитет, заштеда, чиста совест и задоволство.".
>
>> Прашања што би ги поставиле вие?
>
>
> Што знам... обично се користат некои финтаџиски прашања (во зависност 
> од определеноста на соговорникот :-)).
> Еве некои глупи примери:
>
> Ако целиот софтвер е слободен, од што ќе живеат програмерите?
> Дали Македонија е спремна да ја реализира миграцијата? и сл.
>
> Овде и ти треба да вратиш со финтаџиски одговор.
> - Во светот има 10000ци успешни компании чија работа се базира на 
> слободен софтвер.
> - Не се знае ако не се проба. Распишете тендер, па ќе видиме. и сл.
>
>
> Битна работа е пред да почне емисијата да разговараш со водителката. 
> Доколку нејзе и е јасен концептот и го подржува тоа што треба да го 
> кажеш, тогаш немаш никакви проблеми. Можеш дури и да ги договориш 
> прашањата.
> Ако те викнала таму за да се обиде да те заебе, не треба ни да се 
> појавуваш на ТВ.
>
>
>
> Ич да не му се секираш. Настап на ТВ е гола вода. Верувај ми, знам.  ;-)
>
>
>
>
>
ФАЛА !! :-D



More information about the Ossm-members mailing list