[Ossm-members] M$ vs Linux
Дамјан
penguinista at mail.net.mk
Thu Jun 17 10:45:03 UTC 2004
> И од ваквата битка никој нема да загуби, пошто open source
> сметам дека не може да умре...
Слободниот софтвер може да умре, тажно но вистинито. Главните непријатели се:
- патенти на софтверски методи, тоа е како да патентираш решавање на
математичка задача, но жал е дозволено во USA, а и во Европа може да се
протне таков режим.
- неслободен/затворен хардвер, разни DRM технологии кои не можат да се
користат без non-disclosure договори, или бараат специјални сертификати за
начинот како работи софтверот.
Да, слободниот софтвер е една голема цивилизациска придобивка, како
технологија достапна за сите (4-те слободи), туку и како првиот глобален
успешен феномен кој покажува дека со технологија и комуникации луѓево во
светот може да се обединат и да направат нешто ок.
Но исто така е и обврска да го зачуваме неговото постоење.
--
дамјан
More information about the Ossm-members
mailing list