[Ossm-members] MK Recnik - patch 1
Томислав Марковски
herrera at users.sourceforge.net
Sun Jun 20 18:13:03 UTC 2004
On Sun, 2004-06-20 at 18:43, Vasko Mitanov wrote:
> |Еве печ што прави синтакс хајлајтинг на најдениот збор (ко на гугл) :)
Мала исправка, ако ми дозволиш. Прво, поздрав до тебе и до сите останати
за учеството и помошта во речникот.
Второ, неколку збора за како правилно да се праќаат печеви.
Ова што ти го викаш печ (patch) е модифицирана датотека, која е спремна
за печување, но не и самиот печ.
Печот се прави со командата:
diff -ua [old_file] [new_file] > [patch_name]
за цели директориуми:
patch -Naur [old_dir] [new_dir] > [patch.name]
Јасно е што е што. man diff знае повеќе. diff креира датотека која ги
содржи само разликите во промените. Има интересни опции, затоа вреди да
се разгледа мануелот. [patch_name] е тоа што се праќа на CVS, или
моментално на листава.
Аплицирање на печ, иде со:
patch -p0 < [patch_name]
Интересно е што кога се работи со CVS, patch ги додава промените
директно на сервер, притоа задржувајќи ги оригиналните во некоја си
историја.
Ова е згодно во случај како овој, има неколку верзии на Dictionary1.php
и многу е незгодно да се знае кој е последен и да се соберат сите
промени и сл.
Замисли што ќе се случи во голем проект, ако 50 души пратат цела
датотека, оној што ги асемблира, ќе се шекни :) diff и patch му е
мајката.
Во прилог, пратив пример за печ од твојата верзија на Dictionary1.php.
За сите кои прв пат се сретнуваат со diff и patch, пробајте да си
поиграте на едноставни текст датотеки со неколку реда текст. Со примери
се учи повеќе.
Поздрав
-------------- next part --------------
A non-text attachment was scrubbed...
Name: Dictionary1.php-patch.diff
Type: text/x-patch
Size: 3365 bytes
Desc: not available
URL: <http://lists.softver.org.mk/pipermail/ossm-members/attachments/20040620/57496ced/attachment.bin>
More information about the Ossm-members
mailing list